Нов трик на Тик ток: Еве како да ви бидат виткани трепките подолго време

Тренд

Овој трик за виткање на трепките е за многу кратко време вирален тренд, а причината се крие во тоа дека делува. Еве за што се работи.

Во последните неколку години на Тик Ток навистина најдовме многу трикови и совети за убавина. Некои многу ни помогнаа, а некои беа толку бизарни, да воопшто не сакавме ни да ги испробуваме (како што е виткањето на трепките со фен за коса). И во морето совети, во последно време издвоивме еден кој за инфлуенсерите, навистина ја „врши работата“.

Трик за виткање на трепките

Имено, се почна кога Тиктокерката Кимберли ја споделуваше рутината за шминка со своите следбеници, па сподели дека го има истиот проблем како и сите други – не успева да ги навитка трепките како што сака. Таа во видеото вели дека дури трепките ги витка и по 30 минути, но без многу ефект.

Нејзиното признавање наиде на одговор од другите инфлуенсерки. Имено, една Тиктокерка под името Хана откри дека нејзиниот трик навистина делува, а тоа го признаа и други корисници на оваа мрежа.

Ќе ви бидат потребни три работи, маскара, прајмер за маскарата и виткач за трепките. Прво е потребно да се нанесе прајмерот и тоа од коренот до врвовите. Кога ќе се исуши, се нанесува маскарата, а потоа со виткачот се прави формата на трепките.

Хана кажува дека откако го пробала овој метод, секој пат и било успешно. Другите Тиктокерки исто така, го испробаа овој трик и потврдија дека делува.

Како изгледа тоа, дознајте од видеото во продолжение.

@hannnahcho2 #stitch with @kimberlyvuongg GIRL I GOT U #fyp #asianeyelashes #asianlashes #mascara #asianmakeup ♬ original sound – hannah cho
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.