Нов мејкап трик: Како да го постигнете изгледот на Кејт Мос?

Лице

Сите сакаме едноставна шминка, посебно кога ни ги истакнува јаболчниците. Всушност таков е новиот вирален мејкап трик: техника за контурирање од Кејт Мос. Еве во што е тајната.

Овој мејкап трик инспириран е од иконскиот светски модел. Контурирањето на Кејт Мос е дизајнирано така што буквално се аплицира изгледот на преубавата манекенка Кејт Мос и тоа така што се нагласуваат природните вдлабнатини на образите. За секој кој сака постигнување суптилно контуриран изглед на лицето, овој трик е вреден за внимание.

За кого е препорачливо контурирањето на Кејт Мос?

Значи, дали трикот за контурирање на Кејт Мос е вреден за обид? Можеби не е едногласен фаворит на Тик Ток, кој стана вирален тренд, но добрата вест е дека веројатно веќе поседувате се што ви е потребно за да го пробате. Притоа, не ви треба повеќе од три минути. Еден совет: пробајте го овој тренд кога ќе имате повеќе време за повторно да си ја направите шминката ако не ви се допаѓа како изгледа крајниот впечаток.

Техника за контурирање на Кејт Мос

За овој трик, благодарност можете да упатите до шминкерката Али Мартин која прва ја покажа необичната и едноставна техника. Нанесува малку бронзер во прав на вдлабнатините на образите и потоа со прстите развлекува до горе, додека бојата не се претопи со природниот тон на кожата.

Местата на кои се контурира започнува на овој начин: тие се наоѓаат нешто пониско од што е вообичаено. Ефектот е фантастичен: образите делуваат потенко, а јаболчниците повеќе изразено.

Како да ја одредите вистинската точка за аплицирање на бронзерот? Насмејте се широко и повлечете ги образите. Ќе се појават две вдлабнатини – тоа се вашите почетни точки.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.