Нов и едноставен начин за обликување на вашите веѓи и отстранување на влакната од лицето

Пенкало со восок Retouch Pen

Специјално дизајниран за веѓи и пределот околу усните, Retouch Pen овозможува многу лесно да се обликуваат веѓите.

Тоа е иновативен производ од вистински пчелин восок, кој овозможува да се употреби каде и кога сакате на брз, едноставен и ефикасен начин.

Retouch Pen може да го носите каде и да одите и да се ослободите од влакната на лицето за неколку минути со негова едноставна примена.

Карактеристики:

  • 100% восок на база на природни масла
  • Не треба да се загрева
  • Ергономски апликатор
  • Прецизно дозирање со механизам на вртење
  • Минимум 20 дози за апликација
  • Прецизни линии со смарт апликатор
  • Направен од вистински природен пчелин восок
  • Не содржи росин, парабени, минерални масла и шеќери
  • Дерматолошки тестиран

Подготовка на моливот со восок:

1 Држете го производот на собна температура, пополека свртете го механизмот под моливот додека не излезе доволна количина на восок надвор од моливот.

Доколку претходно не сте користеле восок за обликување на веѓи, Ви препорачуваме да го задржите постоечкиот облик.

 

 

2 Нанесете го моливот во пределот кој е надвор од формата на веѓите во правецот на растот на влакната. Исто така, нанесете го во правецот на растот на влакната и околу лицето и усните.

 

 

3 Цврсто притиснете ја лентата во правецот на растот на влакната.

 

 

4 Затегнете ја кожата со една рака а со другата отстранете го восокот во спротивен правец на растот на влакната.

 

 

 

5 При депилацијата, повлечете ја лентата со единствен брз потег и паралелно со Вашата кожа.

 

За да го исчистите остатокот од восок од кожата, употребете ги Remove After Wax Cleaning марамиците или пак бебешко масло.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.