Ниеден скап крем за лице нама да биде ефикасен ако ги правите овие 4 грешки: Еве зошто не делуваат!

Кога купувате нова хидратантна крема, сакате таа да си ја заврши својата работа ефикасно и сакате да ја чувствувате и гледате на вашата кожа.

Пред да започнете да се жалите дека вашата хидратантна крема не прави скоро ништо – особено во текот на зимата – продолжете да читате, бидејќи можеби ги правите овие грешки.

Не правите редовни пилинг за кожа

Ако не правите пилинг редовно, не дозволувате навлажнувачот да навлезе во кожата. Променете ја оваа навика и ќе видите дека вашата хидратантна крема е многу поефикасна.

Не ги читате состојките

Состојките кои делуваат како „магнет за влага“ како што се хијалуронска киселина, глицерин и природни алтернативи на хијалуронска киселина како тремала, се добри да ги вклучите во вашите креми затоа што создаваат „снабдување“ на хидратација на кожата каде што е најпотребно.

Не го знаете типот на кожата

Како што веројатно претпоставувате, доколку имате мрсна кожа треба да избегнувате тешки, мрсни навлажнувачи. Прекумерната употреба на премногу густ крем може да ја направи вашата кожа зависна, поради што таа нема да може да го изврши природниот процес на хидратација самостојно. Значи, ако вашата кожа е многу мрсна, дури и во студените зимски месеци, користете лесен хидратантен крем, без масло, и ако кожата ви е мешана, паметно е да користите две различни хидратантни креми: едната со лесен состав за најмрсните области и побогата за области со сува кожа.

Не сте доследни

Многу е важно да имате дневна рутина за нега на кожата – и да ги користите вашите креми! Идеално, усвојте рутина за нега на кожата што вклучува чистење на кожата, лосион за тонирање и навлажнувачки крем.

Прочитајте и: Зошто ви е потребен серум во вашата рутина и како се разликува од кремите и маслата?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.