Неверојатен трик со коректор: Изгледајте помладо за само неколку секунди

Постојат многу причини зошто обожаваме коректор

Коректорот може да ви помогне да изгледате помлади за само неколку секунди

Освен што коректорот ни е најдобар пријател секое утро кога ќе се разбудиме со темни кругови околу очите, тој е тука за сите неочекувани проблеми со кожата: Од мозолчиња, до црвенило.

Фактот дека коректорот навистина е повеќенаменски, го докажува и овој трик што го користат шминкерите. Имено, коректорот може да ви помогне за само неколку секунди да изгледате многу помлади одошто сте. Сигурни сме дека никогаш досега не сте чуле за овој трик!

Еве што треба да направите:

Натапкајте малку коректор во нијанса на кожата околу ноздрите и усните, потоа сето тоа изедначете го и нанесете го остатокот од шминката.

Што ќе постигнете на овој начин?

Кожата околу усните и ноздрите кај повеќето луѓе е склона на црвенило поради што изгледате поуморно и постаро. Можеби ова не сте го забележале досега, но сигурно ќе ја забележите разликата ако го пробате овој трик, тврдат шминкерите.

Ефектот ќе биде видлив и на остатокот од лицето кое ќе изгледа посвежо, посветло и помладо.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време