Нека остане се’ на свое место: Беспрекорна шминка и на плус 40 степени!

Шминкерите советуваат

Ако мислите дека високите температури и шминката не одат заедно, се лажете

Она што ви е неопходно, не само налето, туку и за време на останатите сезони е добрата нега и хидратација на кожата. Пред да нанесете каква било шминка, одберете лесен крем со заштитен фактор. Заштитата на кожата е многу важно, бидејќи го спречува нејзиното сушење и прерано стареење.

Еве како во топлите денови шминката да ви остане на свое место и да изгледа како штотуку да сте ја нанеле на лицето…

Одберете добар прајмер

Основата ќе направи шминката да остане на свое место во текот на целиот ден. Таа е многу важен чекор во шминкањето, особено налето.

Следниот чекор е тенот

Во текот на врелите денови, наместо пудра, вашиот избор нека биде тониран крем. Ќе ви даде солидно покривање, а нема да направи порите да ви се затворат и кожата да престане да дише.

Одбегнувајте премногу сјај на лицето

Шминкерите се сложуваат во едно нешто: сенките со светки се резервирани за постудени денови, па пожелно е да ги одбегнувате во летниот период.

Сетување

Пудрата за сетување е задолжителен чекор доколку планирате да носите шминка цел ден.

Наместо кармин, одберете суптилен сјај

Последното нешто што го сакате за време на летните денови е чувството на тежина на лицето, па затоа сјајот е идеален избор.

Пробајте ја водоотпорната верзија на омилените производи

Во последно време постои голем број вакви производи, па нареден пат кога ќе купувате шминка, наместо обична, одберете ваков тип маскара и без проблем ќе можете да ја носите во текот на целиот ден.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.