Направи сама: 4 рецепти за домашен пилинг кои ќе ја направат вашата кожа навистина сјајна

Потребни ви се само две состојки – физички честички за пилинг и мека, течна компонента, но треба да се внимава честичките да не бидат премногу груби бидејќи ќе ја оштетат чувствителната површина на кожата.

Предноста на домашните пилинзи со физички честички се брзи, веднаш видливи резултати, лицето е сјајно и чисто – истакнува Мариса Плесија, научник и експерт за убавина од Лос Анџелес. Идеални состојки за ексфолијација се бел или кафеав шеќер, ситно мелен овес или ситно мелено брашно.

Од меките компоненти, во кои се вметнуваат честичките за лупење, идеални се вода, мед, јогурт или масло.

– Предлагам масло, ја навлажнува кожата и овозможува полесно триење. Маслиново, бадемово, масло од тиква или семе од грозје се одлични. Маслото од семки од тиква е одлично за кожата со акни – сугерира Плесија. Правете пилинг околу една минута и потоа исплакнете со млака вода.

1. Смирувачки пилинг за лице од овесна каша и мед
Овесот има антиинфламаторни својства кои природно ја смируваат кожата, додека медот е исклучително корисен и има хидрантни, антиинфламаторни и антибактериски својства. Рецептот вклучува една лажица овесна каша, 1 лажица ситно мелен кафеав шеќер и 2 до 4 лажици маслиново масло.

2. Осветлувачки пилинг за лице од шипка
Прашокот од семе од шипинка спаѓа во категоријата мелено брашно и е одличен како физички пилинг. Богат е со осветлувачки витамин Ц, како и витамин А, од каротеноиди. Рецептот вклучува половина лажичка прав од семе од шипинка и половина лажичка мед.

3. Пилинг од мед и роза за сува кожа
Овој пилинг ефикасно ги отстранува мртвите клетки на кожата додека е нежен на сува кожа. Состојката на розата го намалува црвенилото на кожата. Рецептот вклучува половина лажичка прав од ливчиња од роза, половина лажичка ситно мелен овес или овесна каша, една лажичка мед и половина лажичка вода.

4. Пилинг од цимет и куркума за кожа склона кон акни
Циметот и куркумата помагаат во смирување на воспалението, а истражувањата дури покажаа дека циметот може да биде ефикасен негување третман за лесни до умерени акни. Но, пред третманот, направете тест на кожата, ставете малку цимет, бидејќи некои луѓе знаат да реагираат на овој зачин.

Рецептот за пилинг вклучува една четвртина лажичка цимет во прав, половина лажичка куркума, половина лажичка прав од семе од шипинка и половина лажичка вода.

Внимавајте на иритациите, тие можат да се појават ако користите пилинг премногу често. Се препорачува најмногу еднаш или двапати неделно – советува Плесија

Прочитајте и: Следејќи го примерот на холивудските sвезди: 3 правила за секојдневна нега

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.