Направете сами: Свежа вода за одлична хидратација на лицето!

Влажноста е клучна за еластичноста на кожата

Направете ја оваа едноставна и прекрасна вода за лице што дополнително ќе ви ја освежи кожата и ќе направи да се чувствувате одлично.

Ваквите освежувачи за лице се навистина потребни во зимскиот период поради сувиот воздух и студот.

За да му помогнете на вашето лице да остане свежо и убаво, направете ја оваа вода од производите што сигурно ги имате дома, а ќе ви направат одлична хидратација.

 

Единствено потребни ви се шишенце со распрскувач, зелен чај и свежа краставица.

Во половина литар вода (или помалку), сварете го зелениот чај. Кога добро ќе се излади, во садот во кој го варевте, ставете ја краставицата исечкана на парченца и оставете ја целата смеса да стои во ладилник барем еден час.

Извадете ги парчињата краставица и течноста ставете ја во шишенцето со распрскувач. Со водата во шишенцето, прскајте го лицето наутро и навечер откако добро ќе го исчистите, но и во текот на денот кога ќе почувствувате дека на вашата кожа и е потребно освежување.

Уживајте во свежината!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.