Направете сами: Маска од праски против брчки

Направете си корисен козметички препарат во домашни услови

Со оглед на тоа што сезоната на праските е во полн ек, зошто да не го искористите ова здраво овошје во борбата против брчките?

Во текот на летниот период, кожата е изложена сончеви зраци, кои дополнително ја сушат и ја зголемуваат појавата на брчки. Спротивставете му се на најголемиот непријател на свежината и убавината на лицето.

Негувајте го лицето со хидратантни креми, а еднаш или два пати неделно нахранете ја кожата со природна маска Направете сами козметички препарат во домашни услови.

Ќе ви требаат две средни праски, две капки етерично масло од лаванда, две лажички мед и исто толку маслиново масло.

Испасирајте ги исчистените праски и измешајте ги со овие состојки. Мешајте сè додека не добиете компактна смеса, а потоа нанесете ја на лицето кое претходно добро сте го ичистиле.

Оставете ја маската да отстои 20 минути и потоа измијте ја со млака вода. Откако ќе ја отстраните, нанесете малку маслиново масло, па оставете го да делува неколку часа за да добиете посилен ефект на третманот.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време