Најмоќната Арапка во седмата деценија има лице како на девојка: Како е возможно тоа што Моза изгледа помладо и од ќерките?!

Тајни на убавината

Многумина се прашуваат како е возможно тоа што најмоќната Арапка во седмата деценија изгледа како девојче, а ова се некои од нејзините тајни

Познатата Моза бинт Насер по бракот со катарскиот шеик Хамад бин Калиф Ал Тани, станала најбогатата Арапка, а со него има и седум деца.

Познато е дека Моза е кралица на стилот, па секоја нејзина модна комбинација привлекува големо внимание, а носи исклучиво дизајнерска облека. Многумина се прашуваат на што се должи младешкиот изглед и која е тајната на нејзиното лице.

И покрај фактот што има 63 години, Моза изгледа како да има 30. Често се коментира дека Моза изгледа дури и помладо од ќерките, додека се шпекулира дека потрошила 2 милиони долари за да плати 12 пластични операции.

Меѓутоа, нема официјални податоци за нејзините естетски зафати, додека на нејзиното лице сè изгледа природно. Па што е тоа што ја прави Моза толку младолика?

Би можеле да ѝ го припишеме тоа на арапската култура. Тамошните жени се негуваат на посебен начин. Исто така, познато е дека тие се покриваат, па нивната кожа е максимално заштитена од надворешни влијанија, што ја прави поздрава, поеластична и помлада.

Тие исто така посетуваат амами, каде што се опуштаат и негуваат. Ориенталните бањи совршено ја прочистуваат кожата и ги отстрануваат токсините од телото. Кога жената се поти, горниот и оштетениот слој на кожата се отстранува, што ѝ дава дополнителен сјај, еластичност и нежност на кожата на лицето и телото.

Арапките користат природна козметика, што исто така им дава посебен сјај.

Моза е исклучително образована жена, со дури 7 почесни докторати. Меѓутоа, на нејзиното лице не се гледаат траги од стрес, ниту какви било напори, а Моза секогаш можеме да ја видиме насмеана, што можеби е уште еден трик за младешки изглед.

Најмоќната жена на шеик има стил од кој ќе ви застане паметот: Ниту едно нејзино модно парче не чини помалку од 2 милиони долари!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.