На 46 години нема ниту една брчка на лицето: Овие навики се заслужни за младешкиот изглед на Ева Мендез!

Рутина за убавина

Ако мислевте дека троши богатство на козметика, сте се излажеле – оваа нега може да си ја дозволи секој

Ева Мендез успеала некако да го застане времето и во 46-та година изгледа како да има 20. Ако сте се запрашале која навика е заслужна за нејзиниот блескав тен и лице без брчки, ние го имаме одговорот.

Строго се придржува до овие правила…

Хидратацијата е клучот за убава кожа

Основното средство што го користи за нега на кожата е кокосово масло. Користи или само масло или кремови кои во својот состав ја содржат токму оваа чудотворна билка. Кокосот ја хидрира кожата на најдобар начин, а само добро нахранетата кожа може да изгледа добро.

Во борбата со брчките секогаш треба да тргнете од хидратација. Скапите третмани се залудни доколку не ѝ обезбедувате доволно влажност секој ден.

„Хидратацијата е многу важна однадвор, но и однатре, па затоа се обидувам да испијам што е можно повеќе течности во текот на денот“, открила таа.

И самите ќе забележите драстична разлика кога ќе почнете да пиете доволно вода во текот на денот.

Минимална утринска рутина

Таа признава дека наутро користи само мицеларна вода, додека најголемиот дел од рутината за убавина го спроведува пред спиење.

Сама прави маски за лице

„Кога станува збор за нега на кожата, обожавам да користам работи што можам да ги најдам во мојот кујнски шкаф.“

Таа многу често сама си прави маски за лице и тврди дека се еднакво ефективни како и скапите кремови што можат да се најдат во парфимериите.

„Сакам да користам морска сол за пилинг, за да ги отстранам мртвите клетки од кожата, а кога лицето наутро ми изгледа уморно и отечено, правам блага масажа со коцки мраз. Овој трик го научив од мојата шминкерка.“

Користи само неопходни производи

Кога ќе го оптовариме лицето со разни производи само затоа што се моментално популарни, тоа може да изреагира на многу лош начин. Трикот на негуваниот тен е умереноста.

„Од производи користам ретинол за пределот околу очите, благ тоник без алкохол и серум наменет за моите години“, објаснила Ева.

Масажата може значајно да помогне

Ева знае колку масажата на лице е корисна за враќањето на тонусот на лицето, па затоа ја практикува речиси секоја вечер. Со благи движења на прстите поминува низ целото лице и така ја поттикнува циркулацијата на крвта и затегнувањето на мускулите.

Едноставната рутина за нега на кожата за која се познати француските жени има само 4 чекори
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време