На 45 години изгледаат како да имаат 25: Арапските жени тврдат дека овој рецепт им носи виталност и младост!

Прочитајте

Народната медицина на Истокот се пренесува од колено на колено и многу е ценета

Овој еликсир се зема два пати годишно, а дејствува така што, според верувањето на арапските жени, комплетно го подмладува организмот.

Состојки:
  • 100 мл сок од лимон
  • 200 г мед
  • 50 мл маслиново масло
Приготвување:

Измешајте ги сите состојки и земајте по едно кафено лажиче три пати дневно на празен стомак. Значи, 15 до 20 минути пред оброк.

Откако ќе ја изедете целата смеса, направете пауза во период од пола година.

  • Маслиновото масло има одлично дејство на човечкиот организам и корисно е за здравјето. Низ историјата, па до денес, се користело за санирање изгореници, за нега на кожата, па дури и за прочистување на организмот. Делотворноста на маслиновото масло не е само надворешна и таа може да ви помогне во борбата против упорните цревни и желудочни воспаленија, бактерии и габички (одличен борец е против кандида).
  • Редовната консумација на лимонов сок ќе ги поттикне одбранбените сили на организмот, ќе го алкализира телото, ќе го подмлади и прочисти. Лимонот, исто така, ги неутрализира слободните радикали, го подобрува помнењето и ја прочистува кожата, на која ѝ дава тонус и ја подмладува.
  • Сите облици на мед природно содржат хранливи материи и ензими, кои имаат низа здравствени предности и медицински употреби. Всушност, медот низ историјата се користел како народен лек за добро здравје, имунитет и други состојби.

За време на паузата од пола година, секој ден пијте чај со ѓумбир:

Половина лажиче рендан ѓумбир се прелева со 200 мл зовриена вода. Се додава и малку сок од лимон, по вкус. Никако не додавајте мед или шеќер во овој чај. Кога ќе се навикнете на јачината на вкусот, зголемете ја количината на ѓумбир на цело лажиче при приготвувањето на чајот.

Чудесен еликсир – сурутка: Природни маски за лице, коса и нокти
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.