Можете да имате помеки и полни усни без никаков трошок, користејќи производи што ги имате дома

Брзо, лесно и ефикасно

Сувите и иритирани усни се проблем со кој се соочуваат многу жени, особено во постудените сезони. Освен што не изгледа убаво и непријатно е да се чувствува постојано затегнување и печење, испуканите усни спречуваат правилна апсорпција на хидрантни препарати и нормално нанесување на шминка.

Но, болката и сите други непријатности може да се избегнат на многу едноставен и евтин начин. Кога усните се испукани до тој степен што е невозможно да се хидрираат со мелеми, многу луѓе не знаат што да прават. Во овие ситуации, најдобро е да побарате помош во форма на пилинг. Пилингот ќе го олесни пукањето, ќе ја отстрани сувата кожа од усните и ќе ги направи помеки и полни.

Како правилно да направите пилинг за усни?

Направете пилинг за усни во три лесни чекори. Пред сè, проверете дали усните се чисти и суви. Потоа користете го прстот за да фатите околу еден сантиметар од пилингот и нежно тријте ги усните со кружни движења околу една минута. Нанесете хидрантен производ. Не заборавајте дека кожата на усните е многу чувствителна и дека не треба да претерувате и да бидете груби.

Како да направите домашен пилинг?

Не ви требаат скапи препарати за да се ослободите од испуканите усни. Можете да направите пилинг дома со состојки што веќе ги имате. Сувите состојки се – кафеав или бел шеќер, цимет, кафе, овесна каша и куркума. Од маслото можете да користите кокосово, сончогледово, маслиново, бадемово, а покрај комбнирање со суви состојки, можете да додадете и мед.

Прочитајте и: Јасмин – совршена состојка за зимска рутина за нега на кожата

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.