Можете да имате младешка и сјајна кожа со помош на овие бесплатни трикови

Едноставни методи

Се вели дека најдобрите работи во животот се бесплатни, и се чини дека оваа изрека држи вода дури и кога станува збор за убава кожа.

Иако на пазарот има најразлични производи за нега на кожата – од креми, серуми, тоници, експертите тврдат дека сите придобивки што ги ветуваат ваквите производи можат да се добијат целосно бесплатно. Можете да го подобрите изгледот на вашата кожа без да потрошите ниту еден денар, а славните козметичари и експерти за нега на кожата откриваат како. Ви носиме седум потполно бесплатни трикови за сјајна и младешка кожа:

Масирајте го лицето

Дали се разбудивте со отечени очни капаци или подочници до подот? Покрај кремот за очи, сопствените прсти можат да помогнат.

„Масирајте околу окото од внатрешниот до надворешниот агол на окото со показалецот или домалиот прст и повторете го движењето два до три пати“, советува козметичарката на славните Сесилија Вонг. Ова ќе поттикне подобра циркулација, што ќе го намали отокот, но исто така ќе го одложи појавувањето на мали брчки околу очите.

Со масирање на остатокот од лицето, исто така ќе го стимулирате зголеменото производство на колаген во кожата, а производите за нега на лице ќе имаат подобар ефект.

„Вашите раце се најмоќното оружје“, вели козметичарката.

Ледена вода

„Најевтиниот и најлесниот начин да се освежите и разбудите е да се миете со мраз ладна вода што носи голем број други придобивки за изгледот на вашата кожа“, вели козметичарката Џорџија Луиз.

„Миењето со ледена вода по будењето ќе го намали отокот на лицето, ќе ги стесни порите и ќе го смири воспалението“, истакнува таа.

Променете ги навлаките на перниците

За да го намалите ризикот од акни поради нечистотија, треба да ја менувате навлаката на перницата барем еднаш неделно. Перниците собираат нечистотија од вашето лице, коса, но и од околината, па затоа треба да се перат на висока температура.

Најголема услуга ќе направите на вашата кожа ако ги замените памучните навлаки со свилени, бидејќи лицето е најмалку се тутка на нив за време на спиењето, така што постои помал ризик од брчки, а свилените перници ќе направат чуда и за вашата коса.

Спијте на грб

Нема да ве потсетиме на правилото за убавина од осум часа сон, но затоа ќе спомнеме уште еден стар трик за убавина што многумина го игнорираат иако е многу едноставен. Тоа е позицијата во која спиете, а најдобрата за одржување на младешки изглед и убава кожа е онаа на грб.

„Ќе си направите дополнителна корист ако спиете на подебела перница што ќе ја задржи главата во малку повисока позиција од остатокот од вашето тело, што видно ќе ги намали темните кругови“, советува експертот за кожа Рене Руло.

Сол

Ако сакате да го намалите воспалението предизвикано од акни, имате две опции – може да користите коцки мраз или, уште подобро, малку сол. „Солта има силен антибактериски ефект и апсорбира вишок маснотии од порите“, вели козметичарката Карен Јанг. Таа советува да додадете малку вода во лажичка сол и да направите паста која ќе ја нанесете директно на мозолчето и оставете ја барем 10 минути додека не се исуши, а потоа исплакнете ја со вода.

Мијте ги рацете

„Вашите раце имаат бактерии што им се пренесуваат од клучеви, тастатури, телефони, јавен превоз… Овие бактерии ги пренесувате на лицето секој пат кога ќе го допрете, што доведува до појава на акни и други проблеми со кожата“, предупредува славната козметичарка Џоана Варгас.

Ако не можете редовно да ги миете рацете, тогаш секогаш имајте влажни марамчиња или средства за дезинфекција на рацете, и би било добра идеја генерално да избегнувате прекумерно допирање на лицето.

Наведнете се

Една од најдобрите вежби за младешка и сјајна кожа во изглед е јогата токму поради честото наведнување.

„Кожата има голем број придобивки од пози во кои се влева крв во главата“, вели Јанг. Покрај стимулирање на циркулацијата на крвта, видлив е и зрачен и младешки тен. Ако не сте навикнати да вежбате, ќе биде доволно да се наведнете и да останете во таа позиција најмалку половина минута.

Прочитајте и: Четири брзи, ефективни и природни методи за справување со акните

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.