Маска што за миг ќе го подмлади вашето лице: Ѝ ја враќа цврстината на кожата, ги отстранува флеките и брчките!

Резултатите ќе ве воодушеват!

Иако се трудиме во текот на летото да нанесуваме кремови и лосиони со заштитен фактор, факт е дека сонцето ќе направи на нашето лице да се појави по некоја флека или брчка – но постои ефикасно решение токму за тоа!

Неповолното влијание на сончевата светлина е директно одговорно за прераното стареење на кожата и создавањето брчки и флеки на кожата на лицето, но постои одличен и природен начин на кој можете да ја поправите настанатата штета. Во тоа може да ви помогне маската од праска.

Таа е многу едноставна за приготвување, а ќе ви бидат потребни само три состојки.

Првата и најважната е праската. Зошто токму праска? Ова прекрасно сезонско овошје е вистински резервоар на фолати (кои помагаат за обновување на горниот слој на кожата), лутеини (кои ја подобруваат еластичноста на кожата) и витамин Е (едно од најдобрите масла за лечење оштетена кожа, а кое е исклучително богат извор на антиоксиданти).

Покрај тоа, праската е и фантастичен извор на алфа-хидрокси киселини кои дејствуваат како нежен пилинг кој го забрзува обновувањето на клетките и помага за „пеглање“ на брчките, осветлување на старечките пеги и на оние настанати од сонцето, како и на лузните настанати од акни.

Јаболкото, исто така е една од состојките на оваа маска, а тоа е богат извор на витамин А (одличен е за обновување на надворешниот слој на кожата), витамин Б (помага во намалувањето и контролата на пегите) и витамин Ц (кој го забавува процесот на стареење). Тоа содржи и јаболчна киселина, која ѝ помага на кожата да ги апсорбира споменатите витамини.

Третата состојка е мускатното оревче, а тоа само дополнително ги подобрува својствата на претходните две состојки и дејствува како благ пилинг.

Потребни состојки за маската:
  • 1/4 зрела, мека праска
  • 1/4 јаболко
  • 1/2 лажиче мелено мускатно оревче

Изматете ги состојките во блендер за да добиете конзистентна паста, која ќе ја нанесете на чисто лице. По петнаесетина минути, извадете ја маската со помош на топол пешкир.

Напомена: Маската привремено ќе ја направи кожата осетлива на сонце, па најдобро е да ја нанесувате навечер или во текот на деновите кога знаете дека нема премногу да се изложувате на сончева светлина.

Со оваа маска за лице ќе изгледате 10 години помлади, а потребни се само две состојки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.