Летото помина, останаа ДАМКИТЕ НА КОЖАТА

Иако сте се чувале од сонцето и редовно сте се мачкале – сепак ве нападнале пигментни дамки. Можно е причината да се крие во некој лек што го земате, или во производите што ги јадете. Или дури… во омилениот парфем!

Одредени лекови (некои антиинфламаторни, антидепресиви и антихистаминици) имаат ефект на фотосензибилизација (осетливост на кожата на сонце), при која не само што се јавува пигментација во вид на дамки по кожата туку лесно се „заработуваат“ и изгореници од сонце.

Комбинацијата од сонце и низа лекови (хормонски контрацептиви, сулфаниламиди) може да предизвика алергиска реакција – уртикарија. Фотоалергенско дејство при достигнувањето на кожата имаат и соковите на некои билки: цитруси, целер, магдонос.

Затоа, доколку сте одлучиле да се сончате, немојте да ги јадете ниту сечете за да не ви капне сок на кожата. Исто така лете немојте да нанесувате ни парфем кога излегувате на сонце.

Тетрацикличните антибиотици и антимикробни лекови од групата флуорхинолони воопшто не поднесуваат сонце и под негово влијание создаваат токсични супстанции во организмот. Затоа во текот на нивното земање не смеете да престојувате под директни зраци на сонцето дури ни 20 минути!

Бидете внимателни и со кремовите што ја ублажуваат болката во зглобовите бидејќи многу од нив исто така се фотосензибилни и по изложување на сонце оставаат дамки на кожата.

Пред сончање немојте да ги користите ни следните средства:

  • со салицилна киселина;
  • со ретиноиди и АХА-киселини;
  • со кантарион;
  • етерични масла од еукалиптус и лаванда;
  • масти на база на цинк;
  • некои орални контрацептиви и препарати на база на естроген.

! Патем, ако пиете лекови, проверете со лекарот дали тие влијаат на фотосензитивноста на кожата. Совет од специјалистите уште повеќе е потребен доколку непријатните симптоми сепак се појавиле.

Совет-плус: облаците и водата не се пречка за сончевите зраци. Запаметете, вие црнеете дури и кога не го гледате и не го чувствувате сонцето.

Текст: Татјана Ковалјевска, фармацевтка

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.