Кортни Кокс ја откри својата рутина за нега која ја прави нејзината кожа сјајна

Еве како се негува познатата Моника од серијата „Пријатели“.

Поминаа 25 години откако Кортни Кокс, во улогата на Моника Гелер од серијата „Пријатели“, за прв пат блескаше на малите екрани.

Иако помина толку многу време, за време на шоуто „Пријатели: Повторно заедно“, сите беа воодушевени од тоа како изгледа Кортни Кокс. И сега, актерката одлучи да ни открие како изгледа нејзината рутина за убавина.

Како се негува актерката

За почеток, Кортни истакна дека е од суштинско значење да се прифати природниот процес на стареење, како и дека на кожата ѝ е потребна нега на секоја возраст. Нејзината рутина за убавина е едноставна и брза.

Утрото, Кортни Кокс става топол пешкир на лицето.

„Не знам дали е добро за кожата, но ми се допаѓа“, рече таа.

Што се однесува до кремот, актерката избира природни варијанти, и се колне во витамин Ц.

– Користам креми кои содржат витамин Ц, а понекогаш и неколку видови на нега против брчки, во зависност од тоа колку ми е сува кожата.

Покрај тоа, Кортни користи ролер од кварц за масажа, кој го носи со себе насекаде.

– Понекогаш не ми се масира дома, па затоа го правам тоа во ресторан или во автомобил, призна таа.

Рутина за шминкање

Актерката ја отстранува шминката исклучиво со природни масла.

– Нанесувам масло од лаванда на топол пешкир и со тоа ја отстранувам шминката. Како резултат на тоа, топлината ги отвора порите на кожата, кои потоа се подготвени за негувателен крем, вели таа.

Што се однесува до самата шминка, таа веќе откри сè во видеото, кое може да го погледнете во продолжение.

Прочитајте и: Чудотворна состојка: Зелен чај во козметиката

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.