Корејска рутина за нега на кожата во 10 чекори

10-те чекори во корејската нега се повеќе од рутина, тоа е животен стил, заснован на корејската традиција на посветување големо внимание на кожата, поддржана со децениски научни истражувања и развој

Корејската рутина за нега на кожата во повеќе чекори, којa во последно време го привлече вниманието во светот на убавината се чини како малку исцрпувачки процес.

На прв поглед корејската нега на кожата во „милион“ чекори звучи по малку екстремно, но во суштина сé се сведува  на чистење, пилинг, третман, интензивно навлажнување и нанесување висок UV-заштитен фактор во текот на денот, или ноќна маска во текот на ноќта, а некои од чекорите не се применуваат секојдневно.

Сепак овој пристап бара посветеност и истрајност во грижата кон кожата, за на природен начин, одвнатре, да се поттикне нејзиното здравје и убав изглед.

Десетте чекори во корејската нега се повеќе од рутина, тоа е животен стил, заснован на корејската традиција на посветување големо внимание на кожата, подржана со децениски научни истражувања и развој. Не станува збор да се има повеќе производи отколку што можете да изброите, туку во својата рутина да ги вклучите вистинските производи кои делуваат соодветно и да ги користите по вистинскиот редослед.

Кај корејската нега на кожата разликуваме дневна и ноќна рутина.

Да погледнеме кои се десетте чекои преку нашата предлог-рутина за комбинирана кожа.

ДНЕВНА РУТИНА

Чекор 1, чистење со средство за чистење на маслена база

Чистењето на лицето со средство за чистење на маслена база е прв чекор од двојното чистење кое се применува наутро и пред спиење. Иако ви се чини дека по темелното чистење од вечерната рутина, наутро лицето е чисто, всушност по спиењето на кожата се нафаќаат нечистотии, мртви клетки и себум кои треба да се отстранат наутро.Овој чекор исто така помага во хидратацијата и подобрување на циркулацијата.

Предлог: Lapothicell Deep Cleansing Oil

Чекор 2, чистење со пенливо средство

Чистењето на лицето со средство за чистење на водена база е втор чекор од двојното чистење. Тоа се пенливи средства кои  се нанесуваат на влажно лице и раце и со благи кружни движења помагаат да се отсранат преостанатите нечистотии. Средствата за чистење на база на вода ги раствораат нечистотиите на база на вода како што се правта и потта кои средството на маслена база не ги отстранило.

Предлог: COSRX Low pH Good Morning Gel Cleanser

Чекор 3, пилинг

Пилингот не мора да се прави секој ден. Со пилингот се одстрануваат мртвите клетки од кожата и на кожата ѝ се враќа сјајот. Тој овозможува производите од наредните чекори подобро да се впијат во кожата и да делуваат поефикасно. При пилингот треба да се концентрирате на Т-зоната која најчесто е мрсна и на деловите каде што има митесери. Преку ден треба да се користи механички пилинг, додека хемиските ексфолианти се користат навечер. Препорачливо е да се користи пилинг за нежно отстранување на мртвите клетки какви што се средствата за чистење со црн шеќер.

Предлог: Klairs Gentle Black Sugar Facial Polish

Чекор 4, тонер

Употребата на тонер често ја прескокнуваме, но всушност тоа е многу важен чекор. Тонерите ја балансираат pH вредноста на кожата по чистењето и помагаат да се избегне чувството на затегнатотст на кожата. Тие помагаат во хидратација, ја смируваат кожата и го подобруваат дејството на производите од наредните чекори. Може да се забележи дека корејските тонери се благи и не ја сушат кожата, па затоа уште се викаат освежувачи. Може да се нанесуваат со дланки или со памучен тупфер во зависнот од типот и текстурата на тонерот.

Предлог: Benton Snail Bee High Content Skin

Чекор 5, есенција

Нанесувањето есенција се смета за најважниот чекор во корејската рутина. Лицето буквално треба да се потопи со есенција и со блага масажа и тапкање да се впие во кожата. Есенциите се со лесна текстура, но се богати со хидратантни, анти-ајџинг и други состојки за подобрување на состојбата на кожата. Со додавање на овој чекор во рутината за нега се добиваат впечатливи резултати.

Предлог: Benton Fermentation Essence

Чекор 6, серум

Серумите и ампулите се производи со концентрирани активни состојки и помагаат да се отстранат недостатоците на кожата. Тие имаат појако дејство од есенцијата и се нанесуваат на попроблематичните делови од кожата, а нивните состојки се насочени кон специфични проблеми на кожата, како што се акните, ситните брчки и хиперпигментацијата. Исто така има ампули и серуми кои обезбедуваат интензивна хидратација.

Предлог: Benton Snail Bee Ultimate Serum

Чекор 7, крем за регијата околу очите

Кожата околу очите е најтенка и најделикатна. Затоа е потребно постојаното користење на интензивен крем за околу очи за да се спречи појавата на брчки на време и да се намали подуеноста и темните кругови. Кремите за очи имаат висока концентрација на корисни состојки, но имаат формули кои се исклучително нежни и неиритирачки. Бидејќи оваа кожа е најнежна, потребна е посебна техника на нанесување, без да се трие или истегнува кожата. Мало количество на крем се нанесува со нежно тапкање за да се апсорбира целосно.

Предлог: iUNIK Propolis Vitamin Eye Cream

Чекор 8, навлажнувач

Навлажнувачите доаѓаат во различни форми, како емулзии, лосиони, гелови, балсами и сл. Имаат функција да ја привлечат влагата и да ја задржат во кожата, со што кожата добива полн изглед, а фините линии се измазнуваат.

Предлог: Benton Deep Green Tea Lotion

Чекор 9, крем

Кремот се нанесува како дополнителен чекор после навлажнувачот кај сува или дехидрирана кожа за која навлажнувачот не е доволен и има потреба од уште еден слој. Кога како навлажнувач се користи гел, тогаш нанесувањето на крем е неопходен чекор. Кремот има функција да ја заджи влагата од производите од сите претходни чекори и да ѝ пружи дополнителна нега на кожата.

Предлог: Lapothicell Multi-active hydrating cream

Чекор 10, заштита од сонце

Заштитата од сонце е последен и задолжителен чекор од дневната рутина за нега на лицето. Заштитата од сонце може да биде во форма на крем со заштитен фактор или во форма на BB крем. Кремот за заштита од сонце треба да се става во текот на сите годишни времиња, па дури и ако поголем дел од денот престојувате во затворен простор. Заштитата од штетното UV зрачење е многу важна за да се спречи предвременото стареење на кожата.

Предлог: Langsre Very Berry Dual BB Cushion

ВЕЧЕРНА РУТИНА

Чекор 1, чистење со средство за чистење на маслена база

Двојното чистење е задолжителен дел од вечерната рутина кај корејската нега на лицето. Употребата на средство за чистење на маслена база, како масло или балсам пред чистењето со вообичаеното пенливо средство за чистење е многу важен чекор.

На крајот на денот после многубројните активности во затворен простор, но и на отворено, самата кожа лачи материи како пот и себум, но исто така собира штетни материи и загадувачи од околината, кои е неопходно темелно да се исчистат. На крајот на денот многу е важно темелно да се отстрани и шминката. Овие средства лесно ја раствораат шминката. Тие нежно се втриваат на сува кожа, а потоа се додава млака вода при што емулгираат, односно создаваат пена, по што се измиваат.

Предлог: iUNIK Callendula Complete Cleansing Oil

Чекор 2 чистење со пенливо средство

По чистењето со средство на маслена база, следи задолжително чистење со пенливо средство како втор чекор. Тоа се пени или гелови на водена база, кои ги отстрануваат сите преостанати нечистотии, односно нечистотиите растворливи во вода.

Предлог: Lapothicell Poretox Foaming Cleanser

Чекор 3, пилинг

Во вечерната рутина може да се користи хемиски ексфолиант, бидејќи на тој начин кожата нема веднаш да биде изложена на сонце. Пилингот не се прави секој ден, затоа доколку користите хемиски пилинг, најдобро е да се прави во денови кога не употребувате други препарати кои содржат киселини, AHA, BHA или PHA.

Предлог: Benton PHA Peeling Gel

Чекор 4, тонер

Тонерот е важен дел од секоја рутина. Многу е важно по средствата за чистење и пилинг да се избалансира pH вредноста на кожата, а хидратацијата од миењето да се задржи во кожата со нанесување на тонер во првите минути по миењето.

Предлог: iUNIK Tea Tree Relief Toner

Чекор 5, лист-маска

Лист маските се ритуал кој може да се применува два до три пати неделно. Тоа се влажни текстилни марамчиња со форма прилагодена за поставување на лицето, натопени со есенција богата со состојки за нега и хранење на кожата. Разноликоста на лист-маските е забавна. Некои содржат екстракти од различни растенија со различна функција, некои слуз од полжав кој ја навлажнува кожата, некои отров од пчела која ја стимулира кожата или витамин-Е кој го забавува стареењето на кожата.

Тајната на овие маски е што прават оклузија при што кожата подобро и подолго ги апсорбира хранливите состојки и влагата отколку при нанесувањето на крем или серум. Ефектот по употребата на лист-маските е веднаш забележлив, кожата станува сјајна и помазна благодарение на целата влага која ја апсорбирала.

Предлог: Лист-маски на COSRX

Чекор 6, есенција

Иако лист-маската која сте ја употребиле како претходен чекор содржи есенција, ако сакате да практикувате потполна рутина, може да нанесете есенција како посебен чекор. Може да користите есенција со поинакви активни состојки од онаа на лист-маската. Доколку нанесувате есенција како посебен чекор, отсранете го вишокот од маската со памучен тупфер и оставете го само она што може кожата да го апсорбира.

Предлог: Benton Snail Bee High Content Essence

Чекор 7, серум

Како следен чекор добро е да се нанесе серум кој со својата концентрација на активни состојќи ќе делува на отстранување на одредени проблеми на кожата во текот на ноќта.

Предлог: Lapothicell SOS Spot Serum

Чекор 8, крем за oколу очи или хидрогел лепенки

Кремот за очи или лепенките за очи треба да се нанесат пред да се нанесе кремот за лице кој ќе создаде заштитна бариера на кожата. Не користете крем за лице наместо крем за очи, бидејќи кремот за лице има поостри состојки кои можат да направат иритација на окото. Ако користите лепенки за очи може да ги поставите во исто време со лист-маската за да го скратите времето на рутината.

Предлог: Benton Snail Bee Ultimate Hydrogel Eye Patch

Чекор 9, крем

Кремот е најдобрата опција навечер кој во дневната рутина можете да го замените со лосион. Има погуста текстура од лосионот, но нема ва ви пречи додека спиете.

Предлог: COSRX Advanced Snail 92 All in One Cream

Чекор 10, ноќна маска

Наместо кремот за сонце, во вечерната рутина како последен чекор се употребува ноќна маска, но не мора да се користи секоја вечер. На кожата ѝ пружа дополнителен слој за хидратација и активни состојки кои делуваат додека спиете за следното утро кожата да биде полна со свежина.

Предлог: iUNIK Propolis Vitamin Sleeming Mask

Производите се достапни во Olpeo, првата специјализирана продавница за корејска козметика и единствена од ваков тип во нашата земја, лоцирана во ГТЦ – Скопје, на првиот кат, како и на www.olpeo.mk.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.