Кејт Мидлтон се колне во овој природен ботокс: Дејствува во истиот момент и ги брише брчките за секунда!

Пробајте

Доколку се прашувавте дали постои природна замена за ботокс, одговорот е ДА, и токму тоа го користи Кејт Мидлтон секојдневно

Можеби на Кејт Мидлтон ѝ се достапни сите можни козметички препарати и процедури, но тајната на нејзината блескава и затегната кожа, всушност, лежи во органски препарат што го нарекуваат и природен ботокс, иако нема врска со ботулинскиот токсин, кој најчесто се користи за затегнување на лицето.

Војвотката се колне во него и го користи со години, а интересно е тоа веројатно веќе сте ја виделе оваа моќна состојка на етикетите на одредени производи за убавина, без да знаете колку е делотворна. Станува збор за спилантол, кој е всушност локален анестетик од растително потекло.

Неговата добра страна е тоа што може да се користи и неколку пати дневно, а неговиот ефект е толку моќен што може целосно да ги намали брчките околу очите на речиси еден час.

Резултатот е инстант-лице без брчки. Од друга страна, со редовна примена, лицето се негува и се намалуваат брчките и несовршеностите на подолгорочен план.

Важно е да се напомене дека спилантолот не е медицинска супстанца, ниту лек, туку исклучиво козметичка состојка. Станува збор за масна киселина што се добива од билката Acmella oleracea и ги пополнува ситните брчки и првите знаци на стареење на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dina Falconi (@foragingandfeasting)

Дерматолозите го имаат потврдено нејзиното позитивно дејство, меѓутоа моментално не постојат долготрајни истражувања што би го појасниле дејството на оваа состојка. Досега немало несакани дејства, но експертите предупредуваат дека и со него треба да се биде внимателен, како и со кој било друг производ.

Спилантолот се содржи во некои популарни козметички препарати, но важно е да се напомене дека оваа состојка се применува дури откако ќе помине низ обработка и ќе се издвои екстрактот во лабораториски услови, односно, не се препорачува сами да ја користите оваа билка.

Спилантолот се додава во серуми и кремови и се користи едноставно, така што нежно ќе го измасирате во лицето. Исто така, се препорачува да го користите и со други антиејџ-препарати, како што се хијалуронска киселина, витамин Ц или ретинол за да добиете најдобри резултати, исто како што тоа го прави и Кејт Мидлтон.

Кејт Мидлтон не смее да го јаде ОВА: Кралицата го отстранила од менито, ЕВЕ ЗОШТО!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.