Кејт Мидлтон на 42 години ги измазнува брчките со природен ботокс: Ја брише староста од лицето без последици!

Природна козметика

Кејт Мидлтон има 41 година, но изгледа неверојатно младолико, и тоа благодарение на природни супстанции

На идната кралица Кејт Мидлтон достапни ѝ се сите можни козметички препарати за нега на лицето, како и прескапи третмани, но таа се одлучила за природата и не зажалила! Во петта деценија речиси и да нема брчки, а кожата ѝ е блескава, и сето тоа благодарение на спилантолот.

Можеби сте го сретнале досега како составен дел од бројни кремови, но не сте знаеле колку е делотворен. Војвотката со години му е верна и воопшто не е поборник за пластични операции.

Имено, спилантол е локален анестетик со растително потекло. Може да се користи и неколку пати дневно, а неговиот ефект е веднаш видлив, па така веднаш може да ублажи брчките околу очите на околу еден час.

Тоа значи дека дава инстантен резултат. Од друга страна, доколку редовно се користи во секојдневната нега, прави забележителна разлика и ги намалува несовршеностите на лицето, и тоа на подолги патеки.

Се препорачува да го користите и со други антиејџ-препарати, како што се хијалуронска киселина, витамин Ц или ретинол за најдобри резултати, исто како што тоа го прави и Кејт Мидлтон.

Важно е да се нагласи дека спилантолот не е медицинска супстанција ниту лек, туку исклучиво козметичка состојка. Станува збор за масна киселина што се добива од билката Acmella oleracea и ги пополнува ситните брчки и ги брише првите знаци на стареење на лицето.

Дерматолозите го имаат потврдено неговото позитивно дејство, но моментално не постојат долготрајни истражувања што подобро би го објасниле дејството на оваа состојка. Досега немало несакани дејства, но експертите предупредуваат дека треба да бидете внимателни со него, како и со кој било друг производ, и полека да процените дали ѝ одговара на вашата кожа.

Исто така, важно е да се напомене дека спилантолот се користи дури откако ќе помине низ обработка и издвојување на екстрактот во лабораториски услови, односно не се препорачува да ја користите самата билка.

Спилантолот се додава во серуми и кремови и се користи едноставно, така што нежно треба да го измасирате во лицето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.