Камерон Дијаз со текот на годините изгледа исто, а ова се тајните на нејзината убавина

Кои се нејзините навики?

Кога се споменува актерката Камерон Дијаз, никој не обрнува внимание на нејзината возраст, туку на нејзиниот прекрасен изглед. Како автор на две книги за убавина – „Книга за тело“ и „Книга за долговечноста“, таа сигурно добро ги разбира рутините за убавина.

Кога станува збор за совети за убавина, не е ни чудо што актерката Гвинет Палтроу ја назначи Дијаз како нејзин „ментор за убавина“.

Според Книгата за тело”, Камерон навистина морала да се обиде да стекне некои навики за одржување на убавина.

„Имав ужасно лоша кожа. Бев засрамена и направив сè што можам за да го сменам тоа. Обично ги покривав недостатоците со шминка “, рече убавата актерка.

За среќа, таа сфати што да прави – и за среќа за сите нас, Гвинет не е единствената што ги знае нејзините тајни. Еве неколку совети од актерката:

Користете кармин наместо руменило

Во видеото во кое се појавува со својот долгогодишен шминкер Гучи Вестман, Камерон вели дека таа и Вестман „имаат различни мислења за употребата на руменило“. Што таа го докажа. Кога Вестман ја нашминка, актерката започна да се гледа себеси во огледалото и почна да го мачка вишокот кармин на образите со прстот.

„Патем, секогаш се случува“, рече таа додека додаде уметникот за шминка додаде „Да, таа секогаш прави тоа!“.

Престанала да пуши

Иако порано беше страствен пушач, Камерон денес се спротивставува на тој порок. Во својата книга „Книга за долговечноста“, таа вели дека откажувањето од пушењето е единственото нешто што требало да го направи порано.

„Ако имав временска машина и можев да се вратам во тој период од мојот живот, никогаш не би ја запалила мојата прва цигара“, пишува таа.

https://www.instagram.com/p/BMjvyRmA620/?utm_source=ig_embed

Во интервју за „InStyle”, таа ги советуваше сите пушачи: „Оставете го пушењето што е можно поскоро, бидејќи секоја минута се брои“.

Не плашете се од стареење

Не само што изгледа млада, туку не се „потресува” многу поради стареењето. Во „Книгата за тело”, таа истакнува: „Многумина од нас се плашат да стареат – затоа што ќе бидат помалку мобилни, ќе имаат помалку енергија и нема да бидат она што се сега. Но, јас гледам на стареењето вака: стареењето е благослов и привилегија и ако ги поставите основите на здрав живот во вашите помлади години, староста ќе биде најдоброто нешто во вашиот живот. Поентата што ја потенцирам не е во одржување на младешки изглед. Не станува збор за убавината и естетиката на нашите тела, сакам да се чувствувате млади, сакам да се чувствувате силни. Искрено можам да ти кажам дека сега се чувствувам подобро, посилно и помоќно отколку кога имав дваесет години, затоа што во последните петнаесет години се погрижив за себеси повеќе отколку што правев во првите дваесет и шест години од мојот живот“.

https://www.instagram.com/p/Bt4XKqIlmLQ/?utm_source=ig_embed

Добриот сон е многу важен

„Поминуваме добар дел од животот во спиење или обидувајќи се да заспиеме – а квалитетот на тоа време поминато во сон го одредува нашето расположение и менталната острина, не само следното утро, туку и следните години од нашите животи“, изјави Дијаз во „Книгата за тело”.

Прочитајте и: Состојка што сите ја имаме дома: Овие третмани ќе ви ги преродат кожата, лицето и ноктите од корен!

 

ФОТО: Getty Images, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.