Испукани и суви усни: Еве како брзо да го решите овој проблем

Испуканите и суви усни главно се проблем кој се јавува со студеното време.

Покрај тоа што се естетски проблем, испуканите усни и сувата кожа се и непријатна појава, која боли, пече и доколку не се санира правилно, може долго да се лечи. Ви открива совети од дерматолози за тоа како да го решите овој проблем.

Третмани за испукани и суви усни

Избегнувајте одредени производи

Во текот на периодот на испукани усни, користете мелеми за усни, кармини и моливчиња за усни кои нема да ја иритираат кожата. Се препорачуваат густи и хидратантни формули кои ќе ја хранат кожата на усните и ќе спречат чешање. Исто така, во овој период избегнувајте производи за усни на основа на еукалиптус, мента, цитрус и цимет. Не користете кармини со ароми и мириси, како и сјаеви, кармини и мелеми кои содржат ланолин, фенол и салицилна киселина.

Наместо тоа користете производи на основа на масло (рицинусово, минерално или масло од семе на коноп), а можете да користите и шеа путер како и мелеми со заштита од УВ зрачење.

Нанесување мелем

Додека сте надвор, нанесувајте мелем (масло или шеа путер) најмалку секои два часа. Така ќе спречите понатаможно испукување и сушење на кожата на усните.

Хидратација

Пијте доволно вода. Испуканите усни се неретко и навистина суви, па хидратацијата може да го спречи тоа.

Нега на усните

Немојте да ги гризете усните, не ја откинувајте испуканата кожа и избегнувајте контакт со плунка. Иако изгледа природно да ги навлажнете сувите усни со лижење, плунката всушност ја суши кожата уште повеќе.

Навлажнувач на воздух

Инвестирајте во домашен навлажнувач на воздух, особено ноќе. Ова ќе спречи дополнително сушење и пукање на кожата на усните.

СОВЕТ ПЛУС: Ако кожата на усните е сува и испукана повеќе од три недели, време е да посетите дерматолог. Во спротивно, ризикувате да добиете габична инфекција.

Прочитајте и: Длабоко хидрира, ги намалува брчките, а се прави од само 3 состојки: Мора да ја испробате оваа маска! (РЕЦЕПТ)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.