Испеглајте ги брчките со помош на лен и вода

За само 2 недели ќе забележите промена!

Ефектите се неверојатни, а ви треба само лажица ленено семе и чаша вода

Овој домашен третман ќе предизвика огромна промена во вашиот изглед за само две недели. Тајната е во лененото семе кое со своите лековити својства придонесува за подобрување на состојбата на вашето поткожно ткиво и за подмладување на чувствителните делови на лицето, околу очите каде што кожата е најтенка и најсклона на создавање брчки.

Начин на подготовка:

Ставете лажица ленено семе во чинија и прелијте го со една третина шолја зовриена вода, мешајте неколку минути и потоа покријте го со салвета и оставете го да отстои до вечерта. Исцедете ја смесата. Користете ја геластата водена маса во која отстоило лененото семе.

Примена:

Нанесете ја смесата на чисто лице и врат. Не мора да го одбегнувате пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму. Кога ќе се исуши маската, повторна намачкајте. Повторете ја оваа процедура пет пати. Потоа измијте ја и нанесете соодветна крема.

  • Ефекти на маската од ленено семе:
  • Ја тонира и затегнува кожата
  • Ги намалува широките брчки
  • Ја хидрира кожата
  • Служи и како пилинг за кожата
  • Го намалува вишокот себум на масната кожа
  • Го спречува создавањето на акни и ги отстранува мозолчињаа
  • Го забавува стареењето
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време