Им било кажано дека мораат да го оперираат носот: Овие познати дами сепак не го направиле тоа!

Им се спротивставиле на критиките!

Понекогаш забораваме дека и најголемите ѕвезди се борат со несигурности

Мерил Стрип

Тешко е да се поверува дека некој решил да ѝ најде мана на Мерил Стрип, но дури и оваа легендарна актерка, која досега била 21 пат номинирана за Оскар, се соочила со критики на сметка на изгледот на почетокот од кариерата.

https://www.instagram.com/p/Bt1Pjutn31B/?utm_source=ig_embed

Признала дека долго размислувала дали да го оперира носот, бидејќи токму тој бил главната мета на критики. Никогаш не попуштила под притисокот и не го оперирала носот.

https://www.instagram.com/p/Bty16rXnn0s/?utm_source=ig_embed

Барбара Стрејсенд

Слично искуство имала и една музичка дива, Барбара Стрејсенд. И неа многумина ја советувале да го намали носот на почетокот од кариерата. Исто како и Мерил, и таа размислувала дали да го стори тоа или не, но на крај сепак одлучила дека легнувањето под нож не доаѓа предвид.

https://www.instagram.com/p/Btj9tvoHcJ8/?utm_source=ig_embed

„Мојот нос беше дел од моето наследство и ако веќе имав талент за пеење и глума, зошто тоа не би било доволно?“, изјавила таа во една прилика.

Признала дека операцијата не доаѓала предвид и поради нејзиниот страв од болка, но и од крајниот резултат: „Како да ѝ верувам на естетиката на докторот? Како да знам дека нема да отсече премногу?“

https://www.instagram.com/p/Bsvq2_UHEsF/?utm_source=ig_embed

„Го сакав мојот нос од одредени агли. И денес го сакам. Луѓето ми велеа дека би можела да ја отстранам само грпката од него, но јас им одговарав дека токму таа грпка и ја сакам. Денес ми е драго што не го оперирав носот“, признала Барбара.

Дебра Месинг

Американската актерка Дебра Месинг не ни помислувала дека нешто не е во ред со нејзиниот нос, сè до снимањето на филмот „A Walk in the Clouds“ во 1995 година.

https://www.instagram.com/p/BtyugjrHYqp/?utm_source=ig_embed

„Дотогаш никогаш не сум работела на филм. Снимав љубовна сцена со Кијану Ривс. Камерата почна да снима, а режисерот во еден момент извика: ‘Сечи! Колку брзо може да ми доведете пластичен хирург? Нејзиниот нос ми го уништува филмот!’. Тоа ме шокира!

Бев полна со самодоверба откако завршив на драмскиот факултет. Студирав во Лондон, бев целосно опремена со разни актерски вештини, а потоа отидов на снимање и се случи ова. Мојот талент беше сведен на не-холивудски нос. Ми беа потребни години и години за конечно да ги прифатам сите мои недостатоци и да го засакам сето она што е поинакво на мене“, раскажала Дебра.

https://www.instagram.com/p/BtzBQQ9HuPy/?utm_source=ig_embed

Софија Лорен

Дури и нејзиниот сопруг, режисерот Карло Понти, своевремено ја советувал Софија Лорен да го намали носот, а со неговиот предлог се сложувале многумина од филмската индустрија.

https://www.instagram.com/p/BrQL_7clOD_/?utm_source=ig_embed

„Ми велеа дека носот ми е предолг и устата преголема. ‘Знаеш, камерманите велат дека носот ти е премногу долг. Можеби би требало да го средиш малку’, ми велеше Карло. Јас му одговорив: ‘Слушај, не сакам ништо да чепкам на моето лице, бидејќи си го сакам лицето’.

Во тоа време, хирурзите ги правеа оние мали француски носови со мал врв на крајот, многу го обожаваа тоа. Можете ли воопшто да ме замислите со таков нос?“, открила Софија Лорен во едно интервју.

https://www.instagram.com/p/BttxKLtl-en/?utm_source=ig_embed

Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер не троши премногу време на контурирање, а не се ни грижела за критиките што ги добивала поради својот нос на самиот почеток од кариерата.

https://www.instagram.com/p/BtcLENOAZXv/?utm_source=ig_embed

„Имаше секакви предлози, од тоа да ги искубам веѓите до тоа дека морам да го оперирам носот. Ништо од тоа не се задржуваше долго во мојот мозок“, кратко и јасно заклучила Сара.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.