Хит во светот на убавината: Mиење со кисела вода

Миењето со кисела вода е трик што води до сјајна и беспрекорна кожа.

Потопувањето на лицето во сад La Croix (најскапата кисела вода) се чини како нешто што би го сторила Миранда Присли, но таканаречениот третман за „fizzy face cleanse“ стана многу популарен во Јапонија и Јужна Кореја, а всушност се заснова на факти.

Кисела вода против обична вода од чешма

Зошто миењето со газирана вода е подобро од миењето со обична вода од чешма? Па, водата од чешма има pH 7, додека газираната вода 5,5, што е иста како и pH на нашата кожа, што значи дека нема да го иритира лицето.

Друга причина зошто водата со меурчиња е подобра се крие во самите меурчиња, што ќе ви помогнат да ги разградите нечистотиите и маслата во порите, што значи дека чистењето ќе биде далеку подлабоко и дека имате помали шанси да имате акни.

Во случај да ви треба повеќе убедување, СО2 ја зголемува циркулацијата во лицето, што ќе ѝ даде на кожата поздрав изглед.

Па, како да се миете со кисела вода? Едноставно!

  • Навлажнете го лицето со кисела вода
  • Исчистете го како и обично
  • Измијте со кисела вода
  • Исушете со крпа

Мора да напоменеме дека дерматолозите не препорачуваат лицето да се мие секој ден со кисела вода, бидејќи кожата може да се навикне и сериозно да се воспали кога ќе дојде во контакт со обична вода. Значи, купете шише или две од некоја поскапа кисела вода и почестете се барем за време на викендите – го заслужувате тоа!

Прочитајте и: Трендови во шминката: Што ни носи новата зима?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.