Хит во светот на козметиката и убавината: Корејска козметика

Вистински „бум“

Бидете убави и негувани

Корејките важат за исклучително негувани жени, со природен изглед и блескава кожа. Тоа ѝ го должат на посветеноста на негата, која се базира на решавање на проблемите со кожата, а не на нивно камуфлирање.

Во последните години насекаде во светот се бележи огромна побарувачка за корејските брендови за нега, а некои од најдобрите се ексклузивно достапни и кај нас „Олпео“, продавница специјализирана за корејска козметика, (ГТЦ, првиот кат, www.olpeo.mk).

Beauty Of Joseon, Glow Serum: Propolis+Niacinamide (990 ден.)

 

За осветлување и подобрување на тенот, овој серум сличен на мед, збогатен со состојки ханбанг (корејска традиционална билна медицина) има антиинфламаторно дејство, дејствува против акни и за намалување на порите, каде што клучни состојки се прополисот и ниацинамидот.

Mizon, Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule (1.350 ден.)

Високозбогатена ампула, која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Истовремено додава хидратација и сјај и помага за зацврстување на уморната кожа и за заштита од надворешните влијанија. Специјална формула за антиејџинг-дејство и за регенерација.

By Wishtrend, Vitamin 75 Maximizing Cream (1.560 ден.)

Дневен и ноќен крем што ја зголемува апсорпциската моќ на кожата, збогатен со хармоничниот ефект на витамините E и Ц. Содржи 75% витаминска вода, екстрахирана од волчји трн (витаминско дрво) и природни масла со витамин Е, кои ја прочистуваат и ревитализираат кожата.

iUNIK, Propolis Vitamin Eye Cream (940 ден.)

Благодарение на екстрактот од прополис (40,5%) и екстрактот од кучешки трн (9,2%), овој антиејџинг-крем ја подобрува еластичноста на кожата, го подобрува тенот и ги отстранува стините линии и брчки. Се нанесува на областа околу очите и лицето.

Lapothicell, The Mild Sun Protection (960 ден.)

За пријатна заштита на вашата кожа од УВ-зраците, користете го нежниот крем за заштита од сонце на Lapothicell со СПФ 50. Содржи и комплекс CITYSTEM, кој ќе ја заштити и обнови изморената кожа од штетните влијанија на околината.

Dear, Klairs, Freshly Juiced Vitamin E Mask (1.510 ден.)

Оваа маска ја прави кожата поцврста, поеластична, помазна и добро хидрирана. Мултифункционален производ што може да се користи како маска, ноќна маска или дневен навлажнувач. Зајакнатата формула со витамин Е ја осветлува кожата, ги подобрува и спречува знаците на стареење.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.