ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА: Важно е да знаете!

Зошто се појавува и како се лекува

Ова е чест и за многумина вознемирувачки кожен проблем, бидејќи понекогаш е многу тешко да се прикрие. Пигментните дамки обично се манифестираат на деловите од кожата што се изложуваат на сонце: на лицето, дланките, во зоната на деколтето. Зошто се појавуваат?

 Извори на проблемот

Пигментацијата се манифестира во облик на дамки или точки со различна големина, кои го здебелуваат надворешниот слој на епидермисот, правејќи го нееднаков и ритчест. Овој недостиг на кожата често се поврзува со старосните промени или со чест престој на сонце. Но не е сѐ толку безопасно како што ни изгледа на прв поглед.

Старосните дамки или флеки од сонцето се последица на агресивното влијание на сончевите зраци и имаат светлокафена или жолтеникава нијанса. Ги зафаќаат главно отворените делови на телото и изгледаат како темни точки со различна големина или големи дамки, кои малку се издигнуваат над нивото на кожата.

Меланодермија или хлоазма е жаришна хиперпигментација, проследена со појава на големи дамки со јасни неуедначени граници. Се создава претежно на лицето, при хормонски нарушувања, заболувања на гастроинтестиналниот тракт, гинеколошки проблеми, како и земање орални контрацептиви. Дамките се почести кај жените отколку кај мажите. Во ризична зона се трудниците и дамите што страдаат од вишок полови хормони (естроген и прогестерон).

Постинфламаторна хиперпигментација се појавува поради оштетување на кожната покривка. Со оваа неволја често се соочуваат приврзаниците на трауматични козметички процедури: хемиски пилинзи, дермоабразија, ласерска терапија. Зголемена пигментација често се забележува на местата што порано биле погодени со акни.

Зошто се појавува

Хиперпигментацијата се јавува поради претерано создавање на пигментот меланин, а тоа може да го предизвикаат разни фактори, како што се:

* зрачење од сонцето (меланинот ја штити кожата од претерано влијание на сончевите зраци, а во шпицот на сончевата активност организмот не може да се избори со оваа функција и го создава во преголеми количества);

* хормонски нарушувања – дамките се јавуваат и како резултат на консумирање лекови што содржат хормони (поттикнуваат претерано создавање меланин);

* земањето лекови (на синтезата на меланинот влијаат антибиотици, средства за хемотерапија, лекови против маларија, антиконвулзиви и други лекови).

Како да се борите

Едноставни мерки ќе ви помогнат да ја заштитите кожата од појава на дамки:

* престој на сонце до 10 часот наутро и по 17 часот (лете);

* примена на козметички средства со УВ-заштита најмалку фактор 30;

* носење шешир со широк обод во текот на сончевите денови.

Веќе постојните дамки се избелуваат со помош на специјални средства, вклучувајќи и домашни. По потреба можете да примените хемиско чистење и ласерска терапија, како и да спроведете лекување со хидрохинон.

ДОМАШНИ СРЕДСТВА ПРОТИВ ПИГМЕНТНИТЕ ДАМКИ

Дома можете да користите средства за избелување како што се хидроген, лимонов сок, лимонска киселина (2-3%), природен јаболков оцет (6%), рен отстоен во оцет, маски од белки, мајонез или кисело млеко.

* Многу е едноставно да се направи ваква маска: во прав за заби сипете хидроген (3%) додека добиете каша. Нанесете ја маската на лицето и држете ја од пет до седум минути, а потоа измијте ја со топла вода.

* Лосион за избелување: измешајте 100 мл течен сапун со пет до десет милилитри хидроген (3%) и лосионот е готов.

* Од природата земете тревки, на пр. глуварче: со неговиот сок внимателно мачкајте ги дамките четири-пет пати дневно. Кога сокот ќе се исуши, лицето внимателно истријте го со сурутка или со кисело млеко. Дамките можете да ги мачкате и со одвар од листови од глуварче: две лажици иситнети листови прелејте со 300 мл вода, оставете го до зоврие, па варете го 15 минути на тивок оган, изладете го и исцедете го.

За кожата многу се корисни краставицата и магдоносот, бидејќи од нив можете да направите лосиони.

  1. Со чаша вотка прелејте 50 г магдонос и во тоа додајте шолја превриена вода. Оставете го да отстои две недели, па исцедете го.
  2. Иситнете 100 г краставица, прелејте ја со 100 мл вотка, оставете ја да отстои недела-две, па исцедете ја.

Извор: Руски доктор

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време