Голем број луѓе ставаат аспирин на акните – за што станува збор?

Уште еден од трендовите на „ТикТок“ што ги полуде луѓето.

Со појавата на социјалните мрежи, се појавија безброј „експерти“ кои делат совети за која било тема што можете да ја замислите. Ова е особено точно за заедницата за убавина, која има море од добри и лоши совети кои можат да ја оштетат вашата кожа.

Затоа сме тука, сами да откриеме кои трикови на „ТикТок“ функционираат, а кои не.

На пример, советот за виткање коса со употреба на ремен за бањарка стана хит затоа што навистина е ефикасно и помалку ја оштетува косата, а од друга страна избелувањето на забите со водород пероксид предизвика шок кај стоматолозите.

Но постојат и неколку совети кои имаат смисла, но сепак подобро е да се избегнуваат. Еден таков совет е аспиринот како третман за акни.

Станува збор за маска која се подготвува од неколку аспирини и капки вода и по три минути се мие со млака вода.

Но колку е всушност ефикасен и кои се негативните страни? Имено, аспиринот е аналгетик кој се користи за ублажување на болката и се користи за лекување на многубројни воспалителни состојби, дури и некои од дерматологија.

Содржи ацетилцилна киселина, која е синтетички дериват на салицилна киселина која вообичаено ја користиме локално за лекување акни.

Но важно е да се напомене дека аспиринот или ацетилсалицилната киселина не се исти со салицилната киселина, и обратно.

Додека ацетилсалицилна киселина може да го намали воспалението, не треба да се користи на лицето, особено не во секојдневната нега, бидејќи е премногу груба за кожата.

Може сериозно да ја иритира кожата и да доведе до црвенило и лупење и појава на нови мозолчиња, а самиот аспирин не лечи акни, туку е само одговор на воспаление.

Дерматолозите се согласуваат дека ваква маска, исто така, може да ја зголеми веројатноста за појава на лузни, што всушност значи дека остава долгорочни последици.

Ако страдате од акни, консултирајте се со дерматолог за можни решенија бидејќи има многу одлични лекови кои се ефикасни за акни или третмани на пазарот (како салицилна киселина) кои се ефективни и понежни за кожата.

Прочитајте и: Испукани и суви усни: Еве како брзо да го решите овој проблем

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.