ГЛАМУР каков што посакуваме! Нашминкајте се како дива

Празниците се време во кое секоја од нас треба и може да заблеска како ѕвезда. Потенцирајте ја својата убавина со помош на вистинските алатки, производи и совети за беспрекорен изглед. Еве го нашиот избор во соработка со „Орифлеим“.

СМЕЛИ НОКТИ Испробајте го новиот тренд на „водени нокти“. Одберете некоја од 4-те нијанси на лимитираната празнична колекција на долготрајните лакови за нокти The ONE Long Wear, a со помош на завршниот слој Luminescence ќе го постигнете посакуваниот беспрекорен сјај за дење, но и впечатлив флуоресцентен ефект за ноќе.

Специјална празнична понуда – секој за 149 ден.

СОВРШЕНА БАЗА За ефект на професионална шминка, употребете подлога за намалување пори, а потоа нанесете и течна пудра со помош на четката Precision, и тоа од центарот на лицето до краевите. Несовршеностите покријте ги со коректор со немрсна формула, а со помош на подлога за осветлување нагласете ги јаболчиците, веѓите и очите. Завршете со камена пудра и руменило во перли.

The ONE Everlasting Extreme течна пудра, 399 ден., Precision четка за течна пудра, 299 ден., The ONE IlluSkin коректор, 199 ден.

The ONE подлога за намалување пори, 199 ден.

The ONE подлога за осветлување, 199 ден.

The ONE сет за контурирање, 899 ден.

МАГНЕТНО ПРИВЛЕЧНИ ОЧИ За совршен изглед на очите најважен е изборот на бои. Многумина од нас користат само една или две бои од палетите сенки што ги поседуваат. Затоа, креирајте ја својата палета со шест сенки или сенки и руменила во согласност со тенот или бојата на очите. Глам-совет: пред сенката нанесете oснова за сенка The ONE (399 ден.), која ќе го продолжи изгледот на шминката за очи.

Со шест сенки, магнетната палетата ја добивате на подарок! The ONEMake Up Pro сенки 249 ден. и руменило 379 ден.

ДРАМАТИЧЕН ПОГЛЕД За впечатливи и густи трепки, освен со соодветна маскара, погрижете се и со нега. Испробајте го витаминскиот гел за нега на трепки и веѓи The ONE, зајакнат со состојки што ги подобруваат отпорноста и сјајот. По сенчењето, прецизно исцртајте линија со туш во ултрацрна нијанса, а завршница е секако маскарата, за што побогат волумен.

ПОЛНОЌНИ БАКНЕЖИ Истакнете ги со силни и вибрантни бои или испробајте го најновиот тренд на усни во две нијанси: потемни нијанси на средината од усните и поладни на линијата. Сепак, за беспрекорен изглед, не заборавајте ја постојаната нега и одберете формула на кармин што ветува нега но и долготрајност на бојата, без оглед дали нијансите се со мат или сатенски финиш.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.