Ги закрепнува кожата и косата и ги ублажува трагите на стареење: Секоја жена треба да има шишенце од ова масло!

Моќен сојузник за добар изглед

Ова масло неправедно е занемарено, а феноменално влијае врз кожата и косата

Ладното цедено масло од авокадо содржи висока концентрација на витамин Е, кој е многу важен во одржувањето на здравјето на кожата.

Директното нанесување масло на кожата ја намалува појавата на старечки пеги и другите знаци на стареење, покажале истражувањата.

Најважните состојки за човечкото здравје во ова масло се лецитин и стеролин. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и на фоликулите на косата, додека стеролинот ги хидрира и омекнува.

Зошто маслото од авокадо е добро за косата?

Маслото од авокадо ја има моќта да ја обнови оштетената коса и да ѝ го врати изгубениот сјај. Исто така, може да го поттикне растењето на косата и да го намали нејзиното опаѓање.

Како ова масло дејствува на кожата на лицето?

Пред сè, вреди да се спомене дека маслото од авокадо е генерално добро за кожата и дека го забрзува зараснувањето на раните. Некои истражувања покажале дека на пациентите со сува кожа, особено на заболените од псоријаза, ова масло им помага да се ослободат од симптомите на затегнување и пецкање.

Па така, маслото од авокадо првенствено ѝ годи на сувата кожа, затоа што ѝ дава влага, ја хидрира, притоа не оставајќи масна трага бидејќи кожата брзо го впива.

Она што е особено важно денес во негата на кожата е ублажувањето или отстранувањето на брчките. Токму длабинската хидратација придонесува за поголема еластичност на кожата, подобра нахранетост и влаг, поради присуството на бета каротен, протеин, лецитин, витамини А, Д и Е, а со самото тоа се намалува и можноста за појава на брчки, бидејќи го стимулира метаболизмот на колаген.

Зошто е маслото од авокадо добро за нашата коса и тело?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.