Ги намалува иритациите и црвенилото: Оваа маска е спас за сувата кожа!

Природно

Во текот на есенските и зимските денови на нашата кожа ѝ треба побогата нега

Во текот на студените денови, нашата кожа е прва на удар. Како последица на ниските температури, ветровите и дождот, таа станува почувствителна, сува и склона на црвенило. Освен естетски промени, се појавува и чувство на затегнатост, пецкање и јадеж.

Во овој случај најдобро е редовно да користите маска за лице. Но наместо да давате многу пари за маски од продавници или да одите на третмани во некој салон, направете си сами домашна и потполно природна маска за лице.

Ќе ви требаат само 3 состојки, а маската е готова за неколку минути. Доколку ја користите еднаш неделно, лицето ќе ви биде хидрирано и нахрането, а со самото тоа и поотпорно на зимските услови.

Состојки:
  • 1/2 многу зрело авокадо
  • 1/2 поголема банана
  • 1 лажица мед
Приготвување:

Згмечете ги авокадото и бананата со виљушка за да добиете мазно пире, па додајте мед и измешајте. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја десетина минути. Исплакнете ја со млака вода.

Длабоко хидрира, ги намалува брчките, а се прави од само 3 состојки: Мора да ја испробате оваа маска! (РЕЦЕПТ)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.