‘Foxy eyes’ – нов планетарно популарен изглед на очите!

Планетарно популарен изглед на очите може да се постигне со иновативна метода на естетската медицина, без инвазивни зафати, за само триесетина минути.

Дамите кои држат до својот изглед  и сакаат да го сочуваат својот младешки сјај во очите, а не би заради тоа да одат под нож, решението се наоѓа во новата иновативна естетска метода на лифтинг Fox eyes третман, кој за многу кратко време стана популарен меѓу жените во светот.

Целта е подигање и закосување на аглите на окото и лесно повлекување накај слепоочниците, а се постигнува со вбризгување на специјални, биоразградливи ЦОГ нити во тој предел. Со потикнувањето на производството на колаген и врзно ткиво се создава  нова поотпорна мрежа на кожа.

Станува збор за неинвазивна естетска процедура на подмладување која, за разлика од хируршките зафати кои се користат за тие цели, нема да даде драматичен изглед, туку само фино ќе ви го отвори погледот, ќе ви ја затегне кожата и ќе ви го освежи лицето

Оваа привремена корекција не ја нарушува вашата анатомија, а како ефект трае до две години, после тоа може да се вратите на својот природен изглед ако тоа го посакувате. Експертите истакнуваат дека за долготрајни резултати неопходно е континуирано повторување на третманот на секои шест месеци. За овој зафат потребно е триесет минути, а може да се подмладите пет до седум години за време на пауза за ручек.

Без ниту еден рез, преубавиот бадемест облик на окото секојдневно ќе го гледате во одрзот на своето огледало. Овој префинет и заводлив изглед на лисица го претставија и прославија многу славни убавици, а најзаслужни се Кендал Џенер, Бела Хадид и Емили Ратајковски.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.