Естетска интервенција – да или не?

Дали е вистинското за вас?

Студиите откриваат дека пациентките чувствуваат дека квалитетно направениот лифтинг на лице ги подмладил десет години. Дали е тоа вистинското нешто за вас? Пред да донесете конечна одлука, поставете си четири прашања:

1 Дали мојот проблем може да го реши хирургијата?

Подочниците и брчките може, но емотивните проблеми никако. Проблемите во животот не треба да ги решава хирургијата. Бидете искрени кон себеси во поглед на причините од кои сакате да ја направите операцијата.

2 Дали мојот проблем може да се реши со помалку инвазивни методи?

Би се зачудиле кога би знаеле што сè може да се постигне без операција. Всушност, најдобра козметичка иновација во 2011 г. беше „течен фејслифтинг“, во кој комбинирано се користат разни филери и ботокс за затегнување на брчките, што создава илузија на поцврста линија на брадата.

3 Дали моите очекувања се реални?

Основна цел на сите интервенции треба да биде најдобар изглед на вашата кожа. Во создавањето на таквата слика, пред операцијата или пред некој друг зафат, треба да ви помогне хирургот.

4 Заради кого го правам ова?

Одговорот мора да гласи: „Исклучиво за себе!”

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.