Емоциите и кожата: Техники и средства за спречување на нивното штетно влијание
Личните подеми и падови не се одразуваат само на расположението туку и на нашата кожа. Како да го поправиме нивното влијание…
Анксиозност
ЕМОЦИОНАЛНИ ТЕХНИКИ Кога сме смирени размислуваме со ладна глава, но кога се соочуваме со некаква опасност, се активира центарот за преживување и борба, па рационалниот дел на мозокот се исклучува. Во организмот се ослободува голема количина адреналин и кортизол, срцето забрзано чука и потешко дишеме. Ставете ја едната дланка на дијафрагмата, а другата на градниот кош. Замислете дека со секое вдишување станувате посмирени, а дека со секое издишување ја исфрлувате негативните емоции. Оваа техника ја активира релаксирачката реакција на организмот и продолжение на рационалното размислување.
КОЗМЕТИЧКИ СРЕДСТВА Анксиозноста влијае на секоја клетка во телото, а поради засилената продукција на хормони, се влошуваат проблемите со кожата. Јога, како релаксирачка техника е мошне ефикасна, но потребни се и топични препарати за нега на сензитивната кожа. За отстранување акни, производ на база на салицилна киселина (наш предлог: 1 Clearskin Spot on Instant gel Avon). Потрудете се да обезбедите длабока хидратација и нормална површинска флора (наш предлог: 2. SLOW ÂGE Vichy дневна нега против стареење и 3. Quick Fix Mist Shiseido)
Бес
ЕМОЦИОНАЛНИ ТЕХНИКИ Во оваа состојба на засилена агресивност може да помогнат (аеробни) физички активности. Дистанцирајте се од ситуацијата што ве довела до состојба на бес и правете нешто што ќе ви помогне да го согорите адреналинот. Обрнете внимание на местото во телото каде ви се акумулира стресот. Ако се тоа дланките, длабоко дишете и стиснете ги во тупаници најсилно што можете. Потоа полека отворајте ги дланките, истегнете ги рацете, подигнете ги, па спуштете ги додека издишувате и се ослободувате од негативните емоции.
КОЗМЕТИЧКИ СРЕДСТВА Стресот, поради засиленото потење, предизвикува губиток на меѓуклеточните течности, дехидратација, сушење и брчкање на кожата. Поради падот на оксихемоглобинот, кожата станува побледа, а длабоките брчки (на челото и околу усните) поизразени. На образите се јавува црвенило, кое можете да го смирите со активни концентрати (наш предлог: 4. SOS ампули DR.GRANDEL) или крем (наш предлог: 5. AntiREDNESS Eucerin), а за рехидратација на кожата крем или серум со хијалуронска киселина (наш предлог: 6. MultiCOLLAGEN Bioten)
Тага
ЕМОЦИОНАЛНИ ТЕХНИКИ Не потиснувајте ги емоциите. Бидете свесни за нив и користете релаксациони техники на дишење, за активирање на рационалното размислување. Размислувајте за нештата што сакате да ги промените. Ако сте осамени одберете облик на социјализација што и одговара на вашата личност. Ако проблемот е самодовербата, сетете се на некои достигнувања од минатото и обидете се да ги повикате емоциите што ги имавте тогаш. Направете си листа на вашите лични квалитети и разговарајте со пријателите кои и ќе ви ги потврдат. Ако самите не успеете да се изборите со тагата, побарајте стручна помош.
КОЗМЕТИЧКИ СРЕДСТВА Долготрајното тагување може да го наруши квалитетниот сон, поради што телото и кожата не добиваат доволно регенерација на клетките. На кожата на лицето, ова се забележува преку нејзиното исушување, иритации, подочници… Стручњаците препорачуваат храна богата со антиоксиданти, но и препарати за нега (наш предлог: 7. Urban Skin Defence SPF20 NIVEA). Грицкајте ореви богати со амино-киселини и здрави масти, а на кожата нанесувајте и масла (наш предлог: 8. Treatment Oil Santal Clarins).
Текст: Наташа Човиновска