Експертите открија што говори кожата за вас во втората студија на случај на „Профемина 2018“

Јована Стојменовиќ ја најави втората кејс-студија „Beauty talk: Кожата говори за вас“ и ги покани на сцена Ивана Јанева Попов, претставничка на „Виши“, ТВ-водителката Татјана Стојановска, Ведрана Ѓорѓевиќ, која ја презема улогата на модел, професионалната шминкерка Магдалена Медичи и м-р д-р Наташа Теовска Митревска, дерматовенеролог во „Ре-Медика“.

Д-р Митревска потврди дека правилната нега може да го забави стареењето.

Се’ може да се превенира, па така и процесот на стареење на кожата, но со совет од дерматолог. Младите користат се и тука лежат најголемите грешки. Негата треба да биде константна, во текот на целиот живот. Таа треба да започне уште во адолесценција, кога се јавуваат првите проблеми со кожата. Се зависи од возраста и типот на кожата, но повторно ќе потребен е совет од дерматолог.“

Татјана Стојановска, пак, откри кога почнала да води сметка за негата на кожата.

Не бев многу свесна како девојка дека треба да правам нешто специјално. Имав среќа што имав нормална, но сува кожа, па немав проблем со акни во пубертетот, па затоа не и придавав големо значење на негата на кожата во младешкиот период. Меѓутоа, со телевизиските ангажмани, сфатив дека мора да правам нешто посериозно. Кога имав 25 години сфатив дека треба да ги правам трите основни чекори на нега: чистење, тонирање и хидрирање.“

Ивана Јанева Попов подетално ги објасни трите основни чекори за нега на кожата и го додаде четвриот чекор, односно шминката, како финален.

Д-р Митревска нагласи дека правилниот избор на медицинска козметика е од клучно значење, особено затоа што изборот што се нуди во маркетите и продавниците е огромен. Токму затоа, дерматолозите се тие што треба да го одредат типот на кожата и да препорачаат соодветен производ кој нема да содржи конзерванси и други состојки кои се штетни за кожата.

Магдалена Медичи објасни колку е важна добрата подготовка на лицето за шминка.

Пудрата се става за да се покријат недостатоците, а не за да направиме ’ѕид’. Кога се работи за жени над 30 години, задолжително е еднаш неделно да се прави пилинг и ексфолиација на лицето.“

 

Веднаш потоа, Медичи во живо пред присутните покажа како правилно се подготвува лицето за шминка со помош на моделот Ведрана Ѓорѓевиќ, која, пак, откри кои се нејзините рутини за нега на кожата.

Што е мицеларна вода и како се користи, ни објасни Ивана Попов, а Татјана откри какви проблеми имала таа со кожата.

Благодарение на генетиката, никогаш не сум имала поголеми проблеми со кожата. Но водам голема битка со флеките, иако секогаш користам крем со висок заштитен фактор.“

Митревска се надоврза со тоа што посочи дека не треба да користиме кремови со заштитен фактор само кога одиме на одмор на море, туку секогаш кога се изложуваме на сонце. Ова е проблем за кој многумина не се свесни, па затоа сите кремови на „Виши“ содржат заштитен фактор, откри Ивана.

Експертите што учествуваа во оваа кејс-студија понудија јасни и корисни одговори на сите прашања што им беа поставени од страна на присутните, а Виши им додели вредни подароци на оние што се охрабрија да прашаат, и со тоа ја заршија втората успешна студија на случај.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време