Длабоко хидрира, ги намалува брчките, а се прави од само 3 состојки: Мора да ја испробате оваа маска! (РЕЦЕПТ)

Се користи 2 пати неделно, а резултатите се брзо видливи

Сите жени кои имаат сува кожа на лицето знаат како може да изгледа безживотно и дека е доста тешко да се врати нејзината природна свежина и сјај. Ставете крај на тоа благодарение на оваа маска за лице.

Комбинацијата на овие состојки длабоко ја хидрира кожата, и таа ќе го врати својот сјај веднаш по употребата на маската.

За подготовка ќе ви требаат следниве состојки:

  • 1 грст овес
  • 1 белка
  • 1 лажичка кокосово масло

Промешајте и нанесете на лицето и оставете да делува 15 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

Еве како состојките влијаат на кожата:

Белките на лицето се одлична работа од многу причини, а она што веднаш ќе го забележите е ефектот на затегнување на кожата. Кокосовото масло е длабоко хидратантно бидејќи неговите молекули се способни да навлезат во подлабоките слоеви на кожата и не остануваат на површината. Ова ѝ помага на кожата да ја задржи влагата, а во исто време ќе ја користите за да направите благ пилинг на лицето кој нема да биде премногу груб за сува кожа.

Прочитајте и: 4 ефективни начини: Како да ја спречите или барем да ја одложите појавата на брчки на челото?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.