Џенифер Анистон им остави повеќе од 20.000 евра на пластичните хирурзи
„Тајната“ на нејзиниот младешки изглед
Џенифер Анистон (51) важи за една од најубавите жени во Холивуд. Многумина се прашуваат како успева да го одржи младешкиот изглед, па компанијата MYA, која е специјализирана за пластична хирургија, открива како на Џенифер и’ успева да остане „замрзната“ во времето.
Ботокс 350 долари за година
Овој третман се прави на три до шест месеци. Ги намалува брчките и експресијата на лицето. Тоа е причината што се’ уште има младешки изглед. Инаку, ботоксот го забавува процесот на стареење“, објаснуваат стручните лица од клиниката MYA за „Мирор“.
Ринопластика – до 10.000 долари
Џенифер отворено зборуваше за ринопластиката. Најдобро би објаснил хирург за што точно станува збор, но можеме да забележиме дека е направен поприроден мост на носот. Резултатот е многу природен и изгледа како ништо да не е направено.“
Пилинг и добра генетика
Сигурно е дека Џенифер правела пилинзи на кожата на лицето, кои ја направија да изгледа посвежо. Не смееме да заборавиме дека голем удел во добриот изглед имаат генетиката, исхраната и вежбањето.“
Експертите објаснуваат дека поголемиот дел од зафатите на лицето на популарната актерка биле неинвазивни со одлични резултати.