Дерматологот на Викторија Бекам открива: Ако секој ден го јадете ова, ќе имате беспрекорна кожа!

За блескава кожа

Викторија го нашла решението за проблематичната кожа

Викторија Бекам (45) и во петтата деценија изгледа одлично, а тајната на нејзината беспрекорна кожа се крие во кујната.

Поранешната членка на групата „Спајс Грлс“ открила во едно интервју дека некогаш имала голем проблем со проблематичната кожа, но тогаш ја спасил еден совет од дерматолог.

„Доктор Харолд Лансер ме советуваше секој ден да јадам лосос. Го прашав дали морам баш секој ден, ми одговори потврдно“, открила Викторија.

Имено, лососот и другите масни риби се богати со омега-3 масни киселини и А и Ц витамини. Омега-3 масните киселини содржат „добри“ маснотии што позитивно влијаат врз здравјето, а првенствено го штитат срцето и крвните садови, бидејќи го снижуваат нивото на триглицериди и ги контролираат воспалителните процеси во телото.

Освен тоа, омега-3 киселините ја штитат кожата од стареење и воспалителни процеси.

Тоа го докажува и истражувањето објавено во „European Journal of Dermatology“ кое докажало дека луѓето што јадат риба и зеленчук имаат помалку акни од оние кои не консумирале риба. Неколку други истражувања ја докажале и врската меѓу рибите, омега-3 киселините и убавиот тен без акни.

Дерматологот кој се грижи за изгледот на сопругата на Дејвид Бекам го објавил рецептот за лесно печен лосо, кој е заслужен за блескавата кожа на Викторија.

Лесно печен лосос

Состојки:
  • ½ килограм лосос
  • 2-3 органски лимони
  • бибер и други зачини по желба
  • маслиново масло
Приготвување:
  • Во стаклен сад за печење наредете лимон исечкан на резанки.
  • Преку лимонот наредете филе од лосос и прелејте го со маслиново масло.
  • Додајте бибер и зачини, но не користете сол.
  • Печете од 20 до 25 минути.
  • Послужете го со зелена салата или зеленчук зготвен на пареа.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.