Дерматологот Дејвид Лортшер тврди: Ако го јадете овој производ секој ден, и најдлабоките брчки ќе исчезнат!

Храната како лек

Овој производ многу поволно влијае врз кожата на лицето

Познато е дека храната што ја внесуваме во организмот значително влијае врз изгледот на кожата. Колку што се важни негата и употребата на кремови, исто толку важно е да се внимава на исхраната.

Најновата состојка за која научниците потврдиле дека е многу делотворна против стареењето, е белиот тартуф. Можете да го јадете, но и да го најдете во разни серуми, ноќни кремови и други препарати за нега на лице.

„Докажано е дека печурките влијаат врз природните процеси на обновување на кожата“, нагласува Дејвид Лортшер, дерматолог.

„Белите тартуфи се богати со масни киселини, омекнувачи, кои помагаат во одржувањето на кожните бариери. Кожната бариера е најоддалечениот слој на кожата кој е одговорен за задржување влага. А масните киселини од тартуфите се прицврстуваат во пукнатините помеѓу клетките“, додава доктор Лортшер.

Тартуфите содржат голема количина на витамин Ц, па многу се делотворни за отстранување старечки пеги и други дамки на кожата, како и за изедначување на тенот. Витаминот Ц не е само моќен антиоксиданс, туку е и состојка што ја осветлува кожата. Покрај тоа, тартуфите ѝ ги враќаат еластичноста и сјајот на кожата.

„Овој вид габи, исто така се добра состојка во борбата против воспаленијата. Освен што веќе ги лекува видливите воспаленија, белите тартуфи се насочени и кон помалите воспаленија кои не се видливи, но и кои во иднина би можеле да направат проблем и да ја направат кожата постара и побледа“, истакнува доктор Лортшер.

Без витамин Ц нема да ги одложите брчките на лицето: Покрај лимон, не заборавајте да ги внесувате и овие намирници!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.