Дали ви треба ревитализација на лицето? Имаме рецепт за маски од намирници што ги имате дома

Маските за лице имаат многу придобивки, а може да ги подготвите и дома.

Без разлика дали не можете да трчате во продавница за нов производ непосредно пред да одите на море, постојат неколку начини да го имате вашиот мал велнес дома без да одите во аптека. Постојат многу рецепти на Интернет што можат да ви го вратат сјајот на лицето и да го хидрираат, но тие често знаат да имаат состојки кои или не се достапни, или дури не знаеме што се без дополнителни пребарувања. Ви донесуваме две докажани – едната за смирување на црвенилото и неопходната хидратација во текот на летото, а другата за заживување на мрсната кожа.

Хидратантна маска од авокадо

Оваа маска содржи само три состојки: авокадо, ове и сиров мед, кои ќе го смират воспалението, ќе ја хидрираат кожата и ќе ви дадат сјаен тен.

Скршете четвртина од зрело авокадо во мал сад, додадете една лажица овес и една лажица сиров мед. измешајте сè и ставете го на суво лице околу 10 минути. Исплакнете со млака вода и завршете го третманот со хидратантна крема!

Смирувачка маска за матирање на мрсна кожа

Една жолчка од јајце, една лажица мед и една лажица маслиново масло ќе ја смират вашата кожа со половина чаша овес, ќе ѝ го дадат потребното затегнување и мазност и малку ќе ја матираат. Измешајте ги сите состојки, потоа нанесете ги на лицето и држете ги околу 15-20 минути. Исплакнете сè со млака вода, а потоа ставете хидратантна крема.

Прочитајте и: Совети за природен изглед на шминка

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.