Дали Хејли Бибер само што започна нов летен тренд за убавина?

Имаме чувство дека овој тренд ќе го засакаат многу обожаватели на убавината

Ова лето бараме практичност и удобност со оглед на големата топлина и пот што нè преплавува секој ден.

За среќа, трендовите ова лето „пукаат“ исто, па косата во ниската опашка, исчешланите веѓи и малку мелем за усни се она што го видовме на модните писти. Додадете ги големите златни обетки, машка кошула и – подготвени сте за на плажа. Доколку сакате дополнителен момент за забава на плажа што сите ја сакаме, додадете туш за очи во впечатлива боја и имате целосен изглед. Токму таков изглед го негува Хејли Бибер, која на Инстаграм објави фотографија од впечатлив, но природен летен изглед, која ја заокружи со налепници во форма на холографски туш за очи.

Ако не сте вешти во прецизно цртање линии со туш за очи, ова може да биде совршено решение само за вас, бидејќи сè што треба да направите е да земете налепница и да ја залепите на капакот. Звучи едноставно како магнетните трепки кои се појавија на голема врата и оживеаја низ целата заедница за убавина.

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.