Блескава кожа, здрава и јака коса само со помош на обичен оцет: Трикови вредни злато!

Пробајте!

Евтино, а прилично ефектно

Наместо комерцијални производи, жените сѐ почести наоѓаат третмани за убавина во кујната. Денес ви откриваме неколку совети како кожата и косата да ги направите блескави само со помош на обичен оцет.

Кожа

1. На туфер ставете мешавина од две шолји вода и една лажица оцет. Мешавината ставете ја на лице и оставете ја да отстои малку. Немојте да ја измивате. Тоа ќе ја затегне вашата кожа, ќе ја поттикне циркулацијата и ќе ја намали видливоста на порите.

2. Во кода наполнета со топла вода, сипете 2 дл оцет и оставете го телото да се опушта во бањата 15 минути. Потоа, вашата кожа ќе биде мазна и блескава.

3. Во сад сипете четири шолјички вода и половина шолја оцет. Натопете крпа со оваа мешавина и поминете ја кожата. Овој метод ја прави кожата мазна, ги обновува клетките и ја штити кожата.

4. На туфер ставете чист оцет и избришете ја кожата со него. Ја измазнува кожата, помага за заздравување рани или посекотини од брич.

Коса

1. Во сад измешајте иста количина оцет и вода. Нанесете ја смесата на коса пред да користите шампон. Тоа помага во борбата против првут, помага засекогаш да се отстрани првутот и ја враќа pH-вредноста во рамнотежа.

2. Измешајте две лажици оцет со една шолјичка вода и користете ја по миење на косата. Потоа, добро измијте ја и ставете регенератор. Тоа е трик за поздрава и посјајна коса.

Брчките исчезнуваат, а кожата блеска: Оваа јапонска маска за лице е апсолутен хит – мора да ја пробате!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.