Андреа 15 пати ги зголемувала усните: „Среќна сум, бидејќи сега сум прекрасна!“

И не планира да престане!

Сон и’ е да ги има најголемите усни на светот

Андреа Емилова Иванова (22), студентка од Бугарија, отсекогаш сакала да има големи усни, па веднаш по полнолетството одлучила да поработи на тоа.

Досега потрошила огромна сума на пари за да ги зголеми, а филери ставала најмалку 15 пати. Секој третман го плаќала по околу 130 евра.

Иако многупати подлегнала на естетски корекции и нејзините усни, како ни таа самата, воопшто не личат на оние што ги имала претходно, Андреа не планира да престане. Сака да бидат уште поголеми. Вели дека со новите усни се чувствува посреќно и има поголема самодоверба.

„Ми се допаѓаат усните што ги имам моментално, повеќе од тие што ги имав претходно. Среќна сум, бидејќи изгледам поубаво. Во Бугарија ова сега е модерно“, открила Емилова, која има ставено разни видови филери во усните и ги поминала речиси сите клиники во Софија.

На социјалните мрежи добива и комплименти и критики:

„Добивам многу комплименти за моите усни и изглед од различни генерации на луѓе ширум светот. Примам позитивни и негативни коментари, но лошите најчесто доаѓаат од други жени“, открила Андреа.

Како што самата вели, таа не смета дека усните можат да бидат преголеми, бидејќи секој има различна перцепција. Луѓето треба сами да одлучат за себе.

„Луѓето треба да имаат доволно слобода за сами да бираат за себе. За мене нема граници“, открила Андреа која би сакала да има најголеми усни на светот, но како што вели, конкуренцијата е голема.

https://www.youtube.com/watch?v=mjPxCLlpcWw

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.