Акните и мозолчињата се јавуваат и во возрасната доба: Еве зошто е тоа така и како да ги спречите!

Ова се главните виновници!

Дерматолог ја објаснил разликата меѓу тинејџерските и акните во возрасната доба

Акните не се проблем само во тинејџерските години. Многу луѓе се соочуваат со нив и во возрасната доба.

Дури и да не сте ги имале за време на пубертетот, акните може да се појават во 20-тите, 30-тите, па дури и во 40-тите години.

Зошто е тоа така? Њујоршкиот дерматолог доктор Џошуа Зајхнер ги навел главните причини за нивната појава во возрасната доба.

„Главните виновници за акните се масна кожа, бактерии, мртви клетки на кожата кои ги затнуваат порите и воспаленијата. Промените во хормоните, стресот и исхраната исто така играат голема улога“, открил дерматологот.

Тој исто така ја објаснил и главната разлика меѓу тинејџерските и акните во возрасната доба.

„Кога сте во пубертет, промените во хормоните се нормална појава и тие се една од главните причини за појава на акни, додека во возрасната доба, стресот може да предизвика нарушување на хормоните, а со самото тоа и акни.“

Она што треба да го направите за да се ослободите од акните по пубертетот е да го одбегнувате стресот што во денешно време навистина е тешко, но вреди да се пробаат некои од популарните методи, како што се медитација, физичка активност, плетење и други релаксирачки хобија.

Исто така, водете подобра грижа за вашата кожа. Темелно чистете ја, секојдневно хидрирајте ја и барем еднаш неделно правете пилинг со којшто ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе го спречите затнувањето на порите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.