8 намирници кои можат да бидат одговорни за сјајот на вашата кожа

Негувана кожа

За убав изглед покрај нега, многу е важно и она што го внесувате во вашето тело, а ние ви донесуваме неколку предлози за мени од списокот На некои од најубавите жени во светот.

Моркови

Бета каротенот во морковите се претвора во витамин А, состојка што ја одржува кожата здрава и убава. Витаминот А содржи антиоксиданти и на тој начин помага во спречување на мали брчки и несовршености на кожата.

Зелен чај

Антиоксидансите кои се наоѓаат во зелениот чај помагаат во исфрлање на слободните радикали кои ќе ве спречат да изгледате уморно и постаро. Зелениот чај помага и во намалување на стресот, обезбедувајќи му на телото добра основа за одмор и добар сон, неопходни за одржување на убавината.

Агруми

Не е тајна дека агрумите се одлични извори на витамин Ц, состојка ценета по одличните моќи. Природно исцедените сокови како што се оние од портокал, грејпфрут и лимон се убав и освежителен начин да ја добиете препорачаната дневна количина на витамин Ц во организмот.

Домат

Доматот е богат со антиоксиданти, а во светот на убавината е важна состојка за сјајна кожа. Можете да постигнете одличен физички изглед со тоа што ќе го вклучите во вашето редовно мени.

Бадеми

Здравите масти во бадемите ви даваат енергија што ви е потребна за редовно вежбање и работа на телото. Тие се исто така вкусни закуски, кои ве оддалечуваат од оние што можат да ја уништат вашата фигура и здравје.

Незасладен јогурт

Јогурт без додаден шеќер, разни вкусови и други непотребни состојки е добар за забите и коските. Милиони добри бактерии во јогуртот го стимулираат варењето, што ја намалува подуеноста.

Сирење

Конзумирање тврди сирења е препорачливо бидејќи помага во спречување на орални бактерии кои предизвикуваат проблеми со непцата и расипување на забите.

Зеленчук

Тој е хранлив и содржи многу малку калории, а високиот процент на зеленчук на вашата чинија прави чуда и за вашето здравје. Зелените лисја се особено богати со растителни влакна што ве прават сити подолго време. Влакната помагаат да се намали подпухнатоста, сјајот на кожата и младешката убавина.

Како што можете да видите, нема потреба од прескапи интервенции и третмани на кожата, сè што треба да направите е да се грижите за себе, и најдобро е да започнете со исхрана и поздрав начин на живот.

Прочитајте и: Најважниот дел од рутината за нега на кожата е всушност овој едноставен чекор

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.