8 кризни ситуации (& како да реагирате)

Овие реквизити секогаш нека ви бидат при рака – така брзо ќе санирате многу незгодни ситуации…

Ненадејна појава на акна не може да се квалификува како кризна ситуација – освен ако не сте тргнале на интервју за работа или на венчавка!

Помош од кујната

Овие невообичаени средства се мошне ефикасни – затоа немојте да ги сметате за бабини деветини!

За отечени капаци:

Мраз, вреќички чај или парчиња краставица

Памучна крпа потопена во студена вода ги намалува отоците. Вреќичка чај е уште поефикасна – кофеинот ги стеснува крвните садови, а таничната киселина од чајот може привремено да ја затегне кожата. Ладни парчиња краставица дејствуваат смирувачки.

За коса без сјај:

Пиво

Оштетената кутикула на влакното може да се обнови благодарение на протеините од пивото. Откако косата ќе ја измиете со шампон, нанесете пиво и измијте ја. Ако се плашите дека ќе мирисате на алкохол, бидете спокојни, бидејќи миризбата брзо испарува. На здравје!

За акни:

Аспирин и капки за очи со дексаметазол

Направете паста од истолчен аспирин и малку млака вода и втријте ја на акната. За намалување на црвенилото натопете стапче за уши со капки за очи со дексаметазол, претходно изладени во фрижидер и држете неколку минути на акната.

За црвенило:

Полномасно млеко

Млечните протеини и маснотии можат да ги намалат симптомите на изгорена и иритирана кожа. Но откако ќе завршите со нанесување облоги со ладно млеко, задолжително нанесете хидратантен крем. Во спротивно, кожата ќе ви биде сува и затегната.

За груба кожа:

Маслиново масло, свинска маст!

Пред да си легнете, стапалата и рацете намачкајте ги со маслиново масло или со свинска маст и задолжително облечете чорапи и ставете ракавици (за да не ја извалкате постелнината!). Оставете да дејствува цела ноќ.

Прибор за прва помош

Овие реквизити секогаш нека ви бидат при рака – така брзо ќе санирате многу незгодни ситуации…

Хартиени марамчиња

Обични хартиени марамчиња го впиваат вишокот маснотии од лицето што се појавува попладне, а не ја бришат шминката.

Коректор за нерамномерен тен

Тенок слој од овој коректор ќе ги скрие неправилностите и ќе ја намали иритацијата на кожата.

Подлога за прекривање недостатоци

Мало количество од оваа водоотпорна подлога ќе прекрие бенки, псоријаза, дамки, лузни, изгореници и модринки.

Сув шампон

Избегнете го засиленото мастење на косата и вратете и го волуменот со малку сув шампон.

Стапчиња за уши

Размачкан кармин, маскара или молив за очи лесно можат да се отстранат со овие чудотворни стапчиња за уши.

Лак за коса

Испрскајте лак на дланките, протријте ги, а потоа со нив поминете низ косата за да ги скротите перчињата.

Турпија и измазнувач за нокти

Исполирајте ги ноктите со измазнувач, а нерамнините решете ги со турпија.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.