5 рецепти со кафе за освежување на кожата и косата

Испробајте!

Фото: Unsplash

Чаша свежо сварено кафе е совршен почеток за секое утро. И во текот на денот, шолја кафе ни дава пет минути вкусна релаксација. Кофеинот е исто така одличен во светот на козметиката за стимулирање и будење на кожата, и може е да се вклучи во основната рутина за убавина.

Шампон

Кафето содржи својства што го прават одлично за нега на косата и скалпот. Ја стимулира циркулацијата на крвта и ги отстранува мртвите клетки на кожата спречувајќи опаѓање на косата. Исто така ја зајакнува косата, малку ја затемнува природната боја и обезбедува пријатна арома. Ако сонувате за долга и здрава коса, овој домашен шампон е токму тоа што ви треба.

Ќе ви требаат:

неутрален шампон

5 лажици мелено кафе

1 чаша вода

Подготовка:

Користете шампон што не содржи многу компоненти, повеќето неутрални шампони може да се најдат во сите дрогерии. Загрејте ја водата, но не дозволувајте да зоврие. Оставете да се излади малку и измешајте ја со кафето. Користејќи инка, истурете ја смесата во шише шампон. Затворете и добро тресете. Оставете го шампонот да отстои два часа пред употреба.

Како да се користи:

Нанесете го шампонот како што би го правеле нормално, масирајќи го скалпот во кружно движење. Оставете го производот пет минути и добро исплакнете. Можете да го користите два или три пати неделно.

Маска од кафе за темните кругови под очите

Лошото спиење, стресот или болеста се вообичаени причини за темни кругови под очите што ве прават да изгледате уморни и постари. Борбата против нив е многу едноставна, а вие можете да ја направите само со употреба на две состојки: кафе и компири! Црното кафе создава зголемување на производството на колаген. Покрај тоа, компирот содржи витамин Б6 и витамин Д.

Ќе ви требаат:

1/4 чаша сварено црно кафе без шеќер

2 парчиња компири

 

Подготовка:

Потопете две парчиња компири во чаша многу ладно црно кафе. Оставете ги парчињата во кафето две минути и исцедете.

Како да се користи:

Ставете ги парчињата над очите и оставете ги да отстојат 20 минути. Исплакнете.

ФОТО: Getty Images

Пилинг за тело

Кафето е многу добро во борбаѕта против целулитот, бидејќи, како што веќе споменавме, ја стимулира циркулацијата на крвта. Ова помага да се отстрани вишокот на течност што се акумулира во сврзното ткиво.

Ќе ви требаат:

5 лажици мелено кафе

3 лажици масло од пченични зрна

проѕирна фолија

Подготовка:

Измешајте ги двете состојки во сад додека не формираат густа паста.

Како да се користи:

Смесата нанесете ја на области од телото што ги сметате за проблематично (бутовите, рацете, задникот или абдоменот). Покријте со прилепувачка проѕирна фолија 30 минути. Отстранете ја фолијата, масирајте ја областа во кружно движење пет минути и исплакнете со топла вода. Користете двапати неделно.

Прочитајте и: Неверојатни резултати: Домашни облоги за борба против целулитот

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.