5 омилени тајни на убавината на принцезата Дијана: Шминкерката ги открила триковите што ги користела Лејди Ди

Природна убавица!

Принцезата Дијана, меѓу другото, била запомнета и како икона на убавината

Иако била природна убавица, Дијана била свесна за моќта на шминката и средената фризура и секогаш се обидувала да изгледа најдобро што може. А омилените трикови за убавина на покојната принцеза добро ги знаела и нејзината шминкерка Мери Гринвел, која одлучила да ги сподели со јавноста. Ова се петте најважни тајни на убавината на прекрасната Лејди Ди…

1. Држете се до проверената рутина

„Дијана имаше прекрасна кожа, за што дефинитивно беа заслужни и гените“, открила Гринвел.

Но принцезата никогаш не го земала тоа здраво за готово, па секојдневно се држела до своите рутини што вклучувале чистење, тонирање, хидратација и нанесување серум на лицето, а никогаш не излегувала од дома без заштитен фактор.

https://www.instagram.com/p/BtQe1w4Asdo/?utm_source=ig_embed

2. Секогаш бидете наспани

Квалитетниот сон бил најзаслужен за убавината на принцезата Дијана, а еве зошто би требало да се придржувате до тоа.

„Недостигот на сон и тоа како се одразува на лицето кое изгледа бледо и уморно. Освен тоа, недостигот на сон може да предизвика стрес што доведува до разни кожни проблеми. Со други зборови, се гледа кога сте уморни!“, тврдат експертите.

https://www.instagram.com/p/BtNYDD0gcQE/?utm_source=ig_embed

3. Бидете умерени

„Откако почнав да работам со неа, Дијана одлучи во сè да биде умерена. Ја намали консумацијата на алкохол и тоа многу брзо се виде на нејзината кожа. Ако пушите, пиете или претерувате во што било друго, ќе ја уништите вашата кожа“, предупредила шминкерката на Дијана.

https://www.instagram.com/p/BsAJ8OCgzxt/?utm_source=ig_embed

4. Не излегувајте од дома без парфем

Мора да оставате неодолива миризлива трага зад себе.

„Дијана секогаш, ама баш секогаш, носеше парфем. Тоа беше завршниот чекор од нејзината рутина за убавина. Секогаш мирисаше прекрасно“, се присетила Гринвел.

https://www.instagram.com/p/Brc5l7YAJhA/?utm_source=ig_embed

5. Ризикувајте со косата

На фотографирањето за магазинот „Вог“ во 1990 година, принцезата Дијана од фризерот Сем Мекнајт побарала нешто сосема неочекувано: драстично да ѝ ја скрати косата. Кадриците полни со волумен што ги носела за време на 80-тите тогаш ги заменила со кратка, момчешка фризура, со каква што и најдобро ја паметиме. Учете од неа и ризикувајте со косата, бидејќи тоа сепак е само коса и ќе порасне кога-тогаш.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.