5 грешки во шминкањето кои прават очите да ви изгледаат ситни: Еве како да ги одбегнете и да добиете ефект „вау“

Одбегнувајте ги

Дали секогаш кога се шминкате сакате да направите очите да ви изгледаат покрупно одошто се? Сепак, колку и да се трудите, веруваме дека ви се случува тие да ви изгледаат поситно и недоволно ефектно

Лесно може да ви се случи тоа, ако премногу се заиграте со моливче за очи или со сенка, па резултатот да не ви излезе онаков каков што сте го замислувале дека ќе биде. Постои голема веројатност дека правите некоја од овие 5 грешки во шминкањето…

1. Користите црно моливче за исцртување на водените линии на капаците

Дали моливчето прави очите да изгледаат поситни? И да и не. Потполното исцртување на очите со црна боја го прави тоа. Знаеме дека црната боја ги прави очите понагласени, но лесно може да направи и да изгледаат поситно.

Вашите очите ќе изгледаат поотворени доколку користите бело или нуд моливче. Светлата боја ги отвора и прави да изгледаат потркалезни и поголеми. Ако веќе сакате да користите црна, немојте да ја исцртувате водената линија на капакот. Исцртајте тенка линија веднаш зад горните трепки, или под линијата на долните трепки.

2. Претерувате со вештачките трепки

Ви звучи невозможно? Ова е сосема возможно! Ако обожавате вештачки трепки, внимавајте да не претерате, бидејќи може да изгледаат „тешко“ на капаците. Не само што ќе изгледаат така, туку и ќе ја чувствувате таа тежина и ќе изгледате смешно. Ако не сакате да се откажете од вештачки трепки, одлучете се за такви што изгледаат поприродно и со кои нема да имате чувство на тежина.

3. Погрешно шминкате „зачадени“ очи

За совршени зачадени очи, ви треба многу вештина, вежба, но и безгранично многу трпение. Покрај тоа, треба и да ја усовршите оваа техника на шминкање за вашата форма на очи.

На пример, ако имате спуштени капаци, нанесувањето темна сенка врз целиот капак може уште повеќе да го нагласи вашиот горен капак и да направи да изгледате уморно и чудно. Само соодветните зачадени очи ќе направат вашите очи да изгледаат крупно и драматично.

4. Погрешно го исцртувате моливчето

Начинот на кој го нанесувате моливчето е исто толку важно за вашиот облик на очите како и зачадените очи. Ако линијата е предебела, вашите очи ќе изгледаат поситно. Ако лакот од надворешната страна на очите е предолг, исто така може да изгледаат поситно. Повторно, доколку ги врамите целите очи, исто така може да изгледаат помали одошто се, а тоа не е поентата.

5. Не користите коректор кога имате темни кругови под очите

Сериозниот недостиг на сон веднаш се гледа на нашето лице, а особено на очите. Сите прво ќе ги забележат вашите подочници одошто убаво нашминканите очи. За среќа, решението е многу едноставно. Коректорот за момент ќе направи да изгледате посвежо, а вашите очи поодморено и со самото тоа поотворено.

7 фатални грешки во шминкањето – поради ова изгледате евтино
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.