5 бјути совети на познатите модели за нега на кожата

#Kendall Jenner
„Отсекогаш сум била педантна кога станувало збор за чистењето на лицето. Го мијам лицето 3 пати на ден. Никогаш не го допирам лицето само го мијам и користам крема за подрајчето околу очите.“

#Shanina Shaik
„Наутро чистам, тонирам и ја хидрирам кожата, а ексфолизација правам два пати неделно. Често ги менувам производите за нега на кожата и тоа според годишните времиња. Мојата кожа е многу мрсна па се имам одлучено за некои полесни креми за хидрирање. Ја сакам Kora Organics by Miranda Kerr – средство за чистење кое го обожувам. Neutrogena има истотака одлични креми за хидрирање а јас ја користам линијата која се вика Adore. The Golden Touch 24K Techno-Dermis маска за очи истотака е одлична.“

 

#Lily Aldridge
„Кокосово масло и шеќер се одличен DIY piling за тело. Плус прекрасно мирисате.“

#Kate Moss
„Ако се разбудам и изгледам уморно и отечено го полнам мијалникот со лед и краставици и го потопувам лицето. Инстат ви се затега лицето и веднаш се чувствувате и изгледате будно. Видов дека тоа го прави Joan Crawford во ‘Mommie Dearest’.“

 

#Anja Rubik
„Сакам да меѓам неколку производи за нега на кожата, бидејќи кожата се менува во зависност од временските прилики. Имам доста органски производи. Се трудам да нанесувам маска за хидратирање неколку пати неделно. Ако мојата кожа е баш сува користам кокосово млеко.Имам и крема која ја имам купено  од фармер која е направена од пчелин полен. Поприлично е неугледна кога ја нанесувате  и има специфичен мирис, ама следниот ден вашата кожа е неверојатна. Никогаш не одам во кревет со шминка, често го мијам лицето и пијам многу вода.“

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време